Локални врнежи од дожд и снег, магла во котлините

Синоптичарите за денеска најавуваат слаби локални врнежи од дожд на пониските места, а на повисоките места и на планините од снег.  По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени. Во Скопје, променливо облачно со...

Техничката влада е препартиска и нема уставен основ, вели Силјановска Давкова

Претседателката Гордана Силјановска Давкова вели дека е добро лидерите на партиите понекогаш да се сретнат отколку да разговараат со посредници. Оценува дека по неодамнешната лидерска средба сите „биле релаксирани и уверени дека следниот чекор ќе биде уште подобар“, но оти таму требало да биде и лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче. Време според неа лидерите да седнат и да...

Македонските ракометни репрезентативци го одиграа првиот натпревар на Европско првенство

Македонската ракометна репрезентација со пораз го отвори настапот на 17. Европско првенство, откако вечерва пред 15.000 гледачи во Хернинг загуби од домаќинот Данска со 36:24 во воведниот натпревар од групата Б. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров и покрај поразот имаа добри моменти во дуелот со актуелниот светски и олимписки првак, но Данците максимално ги искористија сите грешки на македонските ракометари. Натпреварот...

Лауреат не може да ја отстапи својата Нобелова награда за мир, потврди комитетот во Осло

Норвешкиот Нобелов комитет денеска потврди дека лауреат не може да ја отстапи својата Нобелова награда за мир, пренесе БТА. Коментарите доаѓаат еден ден откако лидерката на венецуелската опозиција, Марија Корина Мачадо, му ја подари наградата што ѝ беше доделена минатата година на американскиот претседател Доналд Трамп. - Без оглед на тоа што може да се случи со медалот, дипломата или паричната...

ФОТО: Заклетва на новопримените професионални војници во Армијата

Со воена свеченост во Командата за обука и доктрини, во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес, денеска, 16 јануари 2026 година, заклетва дадоа новопримените професионални војници на служба во Армијата. Министерот Владо Мисајловски во своето обраќање истакна дека заклетвата на професионалните војници не е само формален чин, туку ветување за заштита на државата и граѓаните. -Со давањето на свечената заклетва...

Никола Ѓурѓај, претседателот на македонско друштво „Илинден“-Тирана, врачи благодарница „Илинден“ на институцијата Народен правобранител

Претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, врачи благодарницата „Илинден“ на институцијата Народен правобранител на Република Албанија. Благодарницата „Илинден“ за 2025 година беше доделена на институцијата Народен правобранител на Република Албанија за заложбите и поддршката што ги дава за Македонците во Република Албанија, како и за поддршката на македонското друштво „Илинден“-Тирана. -Ми беше огромна чест во име на друштвото и на...

Инфлуенсерите, влогерите, јутјуберите да се регистрираат, повика АВМУ

Со измените на медиумската легислатива во јули 2023 година, за првпат официјално беше препознаено постоењето и влијанието на инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржини, јутјуберите, односно физичките лица кои се даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање. Овие субјекти сега подлежат на регулација и имаат обврска да се регистрираат во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), информираат оттаму. Обврската...

Триесетдневен притвор за осум лица по истрагата за штета од речиси 4,8 милиони евра на државниот буџет

Мерка притвор во траење од 30 дена е определена за осум лица поврзани со вчерашната акција во Управата за јавни приходи (УЈП). - Заврши распитот на осум приведени лица поврзани со вчерашната акција во Управата за јавни приходи - УЈП, а по нивно произнесување, како и ценење на фактите и доказите, прифатен е предлогот и на сите осуммина им е...

Од вторник до сабота ќе се тестираат камерите за „Безбеден град“, полицијата повикува на трпение

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20 јануари (вторник) до 31 јануари (сабота), годинава, ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор. Тестирањата ќе се реализираат секој ден во периодот од 8 до 20 часот. За време на спроведувањето на овие активности, возилата на...

Како ќе сообраќаат автобусите за Богојавление – Водици

ЈСП Скопје информира дека в понеделник, поради верскиот празник Богојавление - Водици, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред. Исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. На Водици, од 7 до 14 часот, дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, а жичницата нема да работи....