Нашиот глас ќе го кажеме во Собранието, има две битни работи за коишто треба да се дебатира, вели Филипче за „Безбеден град““
Законот за „Безбеден град“, со кој се регулира еден многу значаен дел од сообраќајот со кој се намалува ризикот од несреќи, апсолутно во тој дел го поддржуваме, вели лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче, нагласувајќи дека има две битни работи за коишто треба да се зборува – за висината на казните и за тоа што и кој ги контролира...
Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
Општина Аеродром го осудува синоќешниот вандалски чин во паркот „Бановина“, каде е искршена урбаната опрема, оштетена е фонтаната, а обиена е и чуварската куќа.
Од Општината нагласуваат дека брутално е уништена заедничката сопственост на сите граѓани и додаваат дека ваквите постапки нема да бидат толерирани, а случајот е веќе пријавен во полиција.
- Апелираме до граѓаните: да го чуваме она што...
Филипче не мисли дека е грешка што не присуствувал на лидерската средба
Претседателот на СДСМ Венко Филипче не мисли дека е грешка тоа што не присуствувал на лидерската средба со премиерот Христијан Мицкоски, бидејќи, како што вели „не им верувам на луѓето на власта на тоа што го зборуваат, затоа што ги гледам што прават“, и нагласувајќи дека „општеството не е зрело“ за укинување на Пржинската влада.
Прашан дали е прифатливо за...
Прекин во испораката на парно греење во повеќе скопски општини
Поради лоцирање на дефект на дистрибутивната мрежа, во моментов има прекин во испораката на топлинска енергија кај потрошувачите од општините Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда.
Од ЕСМ Дистрибуција на топлина информираат дека нивните екипи се на терен и интензивно работат на точно лоцирање на дефектот и негово изолирање, со цел што поскоро воспоставување на нормална испорака на...
Украинската делегација пристигна во САД на нови преговори за подготовка на мировниот договор со Русија
Украинскиот преговарачки тим пристигна во Мајами, Флорида на нови преговори за подготовка на мировниот договор со Русија, објави на платформата Икс, шефот на кабинет на украинскиот претседател, Кирило Буданов.
- Ќе имаме важни разговори со нашите американски партнери за деталите за мировниот договор - истакна Буданов.
Тој додаде дека во Мајами допатуваа и шефот на Украинската служба за безбедност Рустем Умеров...
ЕАСА: Авиокомпаниите треба да го избегнуваат воздушниот простор на Иран
Европската агенција за безбедност на воздухопловството (ЕАСА) им препорача на авиокомпаниите да го избегнуваат иранскиот воздушен простор поради „тековната ситуација и потенцијалот за воена акција на САД“ во регионот.
- Присуството и можната употреба на широк спектар на оружје и системи за воздушна одбрана, во комбинација со непредвидливи реакции имаат висок ризик за цивилните летови - се наведува во соопштението...
Две жени пријавиле семејно насилство во Скопје
Две жени пријавиле семејно насилство во СВР Скопје по претрпени физички напади.
Во првиот случај, вчера во 9:20 часот во СВР Скопје 45-годишна жена од Скопско пријавила дека во претходните денови неколку пати била физички нападната од нејзиниот сопруг А.Б. (48) од Скопско.
Според пријавата, А.Б. и го оштетил мобилниот телефон и нејзиното патничко возило.
Во вториот случај, 29-годишна жена од Скопско...
Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
Полициски службеници од СВР Скопје денеска во 4:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар го лишиле од слобода Ј.П. (43) од Скопје, баран по наредба од Основен кривичен суд, поради бегство од Казнено поправна установа Затвор Идризово.
Како што информираат од МВР, Ј.П. е лишен од слобода по претходна пријава дека на 16.01.2026 околу 21:50 часот во угостителски објект...
УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека континуирано соработува со надлежните институции во сите случаи каде што постои сомневање за незаконито постапување во даночната област, нагласувајќи дека во врска со актуелниот случај кој се однесува на 11 вработени, УЈП е во постојана и целосна соработка со обвинителството, при што обезбеди и достави целосна документација, материјали и експертски појаснувања поврзани...
Обвинение за помагачи на осомничен по сообраќајна несреќа
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители се товарат за – Помагање на сторител по извршено кривично дело, казниво според член 365 став 2 од Кривичниот законик.
- Обвинетите, на 9 јануари, заедно со умисла му помогнале да побегне на лице осомничено за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и...







































