Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на родители на судија изјави Јавното обвинителство

Пронајдени се 350.000 евра соѕидани во дом на родители на судија од Апелациски суд во Скопје осомничен за Противправно стекнување и прикривање имот, информираше вечерва Јавното обвинителство, посочувајќи дека се работи за една од најопсежните истраги поради сомненија за висока корупција во државава поткрепена со информации и известувања од Агенцијата за национална безбедност. Како што соопшти Обвинителството, во рамки на...

Во Истанбул запленети приближно три милиони наркотични таблети

Вкупно 2,76 милиони наркотични таблети и 314 килограми наркотични супстанции се конфискувани во операција против трговијата со дрога во Истанбул - објави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на платформата Икс. Во полициската акција приведени се две лица под обвинение за дистрибуција на наркотици. Јериклија наведе и дека во друга полициска операција во Истанбул Текирдаг, Коџаели, Сакарја и во Хатај,...

Пуштен во употреба новоизградениот дел од ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин

Премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митески денеска го пуштија во употреба новоизградениот дел од ООУ „Блаже Конески“ во населата Мичурин. По 70 години училиштето доби современ лик и услови за квалитетно образование. Новите училници, кабинети и заеднички простории обезбедуваат простор за развој на учениците и подобри услови за наставниците. Премиерот...

Пожар во свињарска фарма во Долно Чичево, осум лица се јавиле на лекар поради вдишување чад

Во СВР Велес вчера во 10:45 часот било  пријавено дека  настанал пожар во свињарска фарма на правно лице, во село Долно Чичево, Општина Градско. Во пожарот  угинале шест животни, а причинета била и материјална штета. Поради вдишување на чад, едно лице било пренесено во Општа болница Велес, додека четири лица се јавиле на преглед во Општа болница Неготино и...

Граѓаните го почитуваат „Безбеден град“, помалку сообраќајќи и побезбеден сообраќај, истакна Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоси денеска изјави дека не знае дали СДСМ ќе му даде поддршка на „Безбеден град“ и нагласи дека е важно што овој проект веќе ги постигнува своите основни и хумани цели. Смета дека граѓаните го почитуваат овој проект и апелира и понатаму да бидат совесни. - Јас вчера имав координативен состанок со раководството на МВР и со луѓето...

Прво ќе ја завршиме домашната задача со реформите, потоа останува на ЕУ дали ќе продолжи да го билатерализира процесот, изјави Мицкоски

Премирерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со европерспективата на државата, истакна дека целта е прво да ја завршиме домашната задача поврзана со Реформската агенда, а потоа останува на Унијата дали ќе продолжи да го билатерализира нашиот процес на пристапување. -Македонскиот евроинтегративен пат е неминовно поврзан со волјата на 27 земји-членки, една од нив е и од...

Откупени околу 25 000 тони тутун по 419 денари, откупот трае до 28 февруари

Откупот на тутунот од ланската реколта е при крај. Досега откупубачите од производителите купија околу 25 000 тони по просечна цена од 419 денари за килограм. Откупот привршува но тутунарите не треба да стравуваат, зашто пунктови ќе има отворено до крајот на февруари, до 28, кога е законскиот рок за откуп. -Привршува откупот на тутунот од ланската реколта. Но потсетувам,...

Голем успех на прилепските лекари, со прва примена на тромболиза спасено младо момче по мозочен удар

Со првата примена на методот интравенска тромболиза во прилепската болница беше спасен животот на младо, 28-годишно момче. Неврологот Петар Кузманоски со своите колеги веднаш интервенирал, прецизно дозирајќи лек за го спасат пациентот од смрт, но и од траен инвалидитет. -Тромболизата претставува третман на акутен ихемичен мозочен удар, односно протокол кој е добро дефиниран со временска рамка и со клинички индикации....

Граѓаните ќе ги добиваат услугите брзо, едноставно и електронски изјави Андоновски

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, беше гостин во неделното интервју на Радио Слободна Европа, каде говореше за конкретните чекори за целосно електронски услуги, за состојбата во институциите и за имплементацијата на новиот закон за сајбер-безбедност. Електронските изводи – од „аплицирање“ до целосно електронско добивање на крајниот документ. Како што соопшти Министерството за дигитална трансформација, во интервјуто, Андоновски појасни дека...

На Инфективна починал 69-годишен пациент поради компликации од грип

На Инфективна клиника вчера починал 69-годишен пациент, кај кога бил потврдена лабораториски инфлуенца А. Пациентот, како што информираше директорот на Инфективната клиника, Фадил Цана, бил со комордбидитети и не бил вакциниран против сезонски грип, иако бил во ризична група. -Пациентот беше донесен во исклучително тешка општа состојба со развиена масивна бронхопневмонија. Пациентот веднаш беше третиран навремено од страна на медицинскиот тим...