Превозниците од Македонија и од регионот утре напладне ќе ги блокираат граничните премини
Превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и од Црна Гора утре на пладне започнуваат протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила, сè до надминување на проблемот со евиденцијата на престојот на возачите во Шенген- зоната.
Од асоцијацијата „Макамтранс“ информираа дека ќе бидат блокирани граничните премини Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица,...
Во лизгањето на земјиштето во Индонезија 25 луѓе го загубија животот
Спасувачите денеска ги прекинаа операциите за пребарување на жртвите во лизгањето на земјиштето во индонезиската покраина Западна Јава, откако беа пронајдени 14 тела на вториот ден од операциите, со што вкупниот број потврдени жртви достигна 25, пренесе ДПА, повикувајќи се на официјален претставник.
Обилните дождови што почнаа еден ден претходно предизвикаа лизгање на земјиштето вчера изутрината во близина на село во...
Виткоф: Делегацијата на САД имаше конструктивни разговори со Нетанјаху за планот за Газа
Специјалниот американски претставник Стив Виткоф денескa изјави дека разговорите на официјалните претставници на САД со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за втората фаза од мировниот план од 20 точки за Појасот Газа биле конструктивни.
- САД и Израел одржуваат силна и долгогодишна врска изградена врз тесна координација и заеднички приоритети. Разговорот беше конструктивен и позитивен, а двете страни се согласија за...
Повеќе од 700.000 домови без струја поради снежно невреме во САД
Снежно невреме го погоди поголемиот дел од САД, оставајќи стотици илјади луѓе без струја, додека влошување на временските услови се очекува и во областите на Њујорк, Филаделфија и Вашингтон.
Најтешко погодени се државите Мисисипи, Луизијана и Тексас, каде што околу 730.000 домаќинства останаа без струја, а се проценува дека дури 190 милиони луѓе се изложени на ризик од прекини во...
Малолетник со возило удрил во автомобил и пешак што се бори за живот
Малолетник со возило удрил во автомобил и пешак, кој се бори за живот во Ургентен центар во Скопје, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
- Денеска во 11:30 часот пријавена е сообраќајна незгода во скопското село Долно Коњари, во која патничко возило со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник, удрило во паркирано патничко возило со скопски регистарски ознаки и...
Куче-душкач открило дрога во вредност од 1,7 милиони евра на пристаништето во грчкиот град Патра
Со помош на кучето-душкач Мезкал на крајбрежната служба на Грција во камион што со траект од Италија пристигнал на пристаништето во грчкиот град Патра, биле откриени над 44 килограми кокаин и 134 килограми канабис во вредност од 1,7 милиони евра, за што уапсени се две лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштија од крајбрежната служба на Грција,...
Наковски Волеј држи победничко темпо
Првото коло од пролетниот дел од сезоната во Првата женска лига понуди интересни дуели, во кои лидерот Наковски Волеј ја продолжи победничката серија со максимална победа над Газели Волеј, во дербито од 10. коло кое се одигра во СЦ „Форца“ во Скопје.
Дуелот на прво и трето пласираниот тим во лигата мина во неизвесна атмосфера, со многу пресврти и подеми...
Тоше – светлина што ги поврзува генерациите
Одбележан 45-тиот роденден на музичката легенда Тоше Проески
Тој не беше само пејач, туку симбол на добрина, мост меѓу генерации и народи, глас што ја надминува границата меѓу земното и небесното. Крушево, со својата историја и својата душа, повторно се претвори во сцена каде што музиката и спомените се споија во едно, создавајќи чувство дека времето за миг застана,...
Борец му се реваншираше на Работнички на стартот на плејофот
Одбојкарите на ГОК Борец имаа одлично отворање на плејоф разигрувањето во Првата машка лига и запишаа важна гостинска победа над Работнички 71&22, кој им е директен ривал за подобра позиција на табелата. Велешкиот состав со победата од 3:1 во Скопје истовремено му се реваншираше на противникот за поразот од стартот на сезоната.
Лидерот Штип УГД пред својата публика беше сигурен...
Британското МВР воведува нова полициска единица слична на ФБИ
Британската влада денеска објави дека наскоро ќе претстави план за создавање нова полициска единица, слична на американското ФБИ, која би работела на сложени истраги, како што се борбата против тероризмот, измамите, злоупотребата на деца на интернет и разбивањето на криминални банди.
Полицијата ќе ја обедини работата на постојните агенции кои се занимаваат со тероризам и криминал, како и регионалните единици...







































