Во полициска акција на СВР Струмица разбиен канал за шверц на дрога, истакна Тошковски
Полициски тим на Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица вчера разбил меѓународен канал за трговија со дрога. Во акцијата, како што информира денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, полицијата запленила околу 100 килограми марихуана и биле уапсени неколку лица.
Министерот на денешната прес-конференција по средбата со литванскиот министер за внатрешни работи Владислав Кондратович, информира дека полициските службеници ќе бидат...
Македонско културно лето во Пустец, Мала Преспа
Денес во Пустец, Мала Преспа, Албанија започнува Македонско културно лето, фестивал кој ја промовира и слави македонската култура и фолклор пред Македонците од овој крај.
Фестивалот кој слави јубилеј - 20 години, ќе трае 5 дена, а свечено отворање ќе биде вечер во 19 часот.
На фестивалот ќе гостуваат театарски групи и музичари од Македонија и фолкорна група од Мала Преспа....
Потребно е темелно решение, загрижувачки се бројките за семејно насилство, истакна Тошковски
Бројките за семејното насилство во државава се загрижувачки и потребно е темелно решение со цел намалување на бројот на жртвите - истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
-Факт е дека семејното насилство постои и е секојдневен криминалитет кој ни се случува во Македонија а свесни сме дека огромен број од евидентираните настани во прва фаза, во втора не...
Очекувам секаков инженеринг во ЕП, во услови кога немаме гаранции, истакна Мицкоски
Очекувам секаков инженеринг во Европскиот парламент (ЕП) и, јас би бил многу, многу повнимателен, бидејќи се водам од максимата не ги слушај што зборат, гледај ги што прават - рече премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање на заедничката прес - конференција со еврокомесарката Марта Кос.
-Што се однесува до верзијата од Извештајот која што е сега пред европратениците, можам да...
Членство во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, истакна Кос
За Европската Комисија ситуацијата е јасна, доколку Македонија ги исполни заложбите и го промени Уставот, што секако дека не е лесно, тогаш ќе започнеме веднаш со меѓувладината конфернција без било какви дополнителни политички условувања - порача Еврокомесарката Марта Кос, одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Скопје, за барањата од Софија, освен уставни измени,...
Електронски свидетелства од наредната учебна година
Од наредната учебна година наместо печатени, свидетелствата од завршени одделенија во основно образование ќе бидат во електронска верзија и дигитално ќе бидат преземани од средните училишта во кои учениците ќе се пријават за упис.
Министерката Весна Јаневска денеска изјави дека и во овој момент тоа е овозможено преку системот е-дневник, но ќе почне да се применува од идната година откако...
Стевкова Штериева: Банките ги разгледуваат тарифите за намалување на провизиите, тоа е индивидуална одлука на раководствата
Банките ги разгледуваат тарифите за можноста за намалување на провизите на одредени услуги, по барањето што го упати минатата недела гувернерот на Народната банка Трајко Славески во Македонската банкарска асоцијација (МБА).
Претседателката на МБА Маја Стевкова Штериева денеска изјави дека тоа е индивидуална одука на органите на управување на банките, а упати и на ветувањето од Народната банка за намалување...
Мицкоски: Со отворено срце чекориме по европскиот пат, но не прифаќаме наметнувања и уцени
Нашата држава чекори по европскиот пат со отворено срце и разум, со прифаќање на европските вредности, меѓутоа се противиме на уцените кои не се дел од тие вредности. Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес. Европа е дом на правото, на правдата, на достоинството. Тоа се вредностите што ги прифаќаме – сè друго е туѓо за ЕУ, и...
Eкстремни жештини во Европа: Двајца мртви во Италија
Европа е зафатена од силен топлотен бран, кој веќе одзеде два живота во Италија. Во Болоња, 47-годишен работник почина откако му се слоши на градилиште, додека 70-годишен маж се удави во ненадејни поплави во близина на Торино.
Шумските пожари во Турција принудија повеќе од 50.000 луѓе да се евакуираат, додека пожарите се проширија и низ други провинции како што се...
Бои на плочки што ги избегнуваат дизајнерите на ентериер
Домување
Изборот на совршена боја на плочки за вашиот животен простор е важна одлука. За разлика од бојата за ѕидови или декоративни елементи, плочките се потраен додаток на вашиот дом, па затоа бојата што ќе ја изберете мора да го издржи тестот на времето.
На крајот, најважно е да ви се допаѓа. Сепак, изборот на бои на плочки што се сметаат...









































