МЗ: Нови значајни здравствени инвестиции – нова болница во Кичево и проширување на болниците во Штип и Тетово
На предлог на Министерството за здравство, Владата на денешната седница ја усвои информацијата за потребата од обемна реконструкција и доизградба на болничките капацитети во Штип и Тетово, изградба на нов здравствен објект во Кичево, како и инвестиции во опрема и дигитална трансформација на здравството на национално ниво, информираат попладнево од МЗ.
- Поради сериозни конструктивни и проектни недостатоци кај постојниот...
Двајца мажи пронајдени мртви во тетовско, првичниот увид покажува дека починале од природна смрт
Двајца мажи на возраст од 42 и 46 години биле најдени починати денеска во Тетовско, а по првичниот увид е утврдено дека починале по природен пат.
Во 11.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Илинденска“ во угостителски објект бил пронајден починат Б.И.(46) од Тетово.
-Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршија...
Чинарот многувековен симбол на село Вирово
Два симболи долги години го красат село Вирово демирхисарско .Првиот препознатлив симбол е дабот Чинар стар повеќе векови и вториот симбол на ова село се валавиците, кои денес се помалку се користат за валање јамболии , веленца или клашна..
-Еден од најпрепознатливите белези на село Вирово е дабот Чинар стар повеќе од пет векови.Се наоѓа во непосредна близина на манастирот„...
СОЗР: Санирана исклучително лошата состојба во државните објекти што се под надлежност на Службата
Службата за општи и заеднички работи информира дека во изминатава година со целосна посветеност и транспарентност, ја санирале затекната исклучително лоша состојба во голем дел од државните објекти што се под надлежност на Службата.
-Негрижата, запуштеноста и отсуство на системско одржување во изминативе години доведе до сериозно влошување на инфраструктурата и функционалноста на овие објекти. Препознавајќи ја важноста на државниот...
Запленети 100 килограми марихуана во Струмица, уапсени три лица
Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР.
Во соопштението се наведува дека акцијата се одвивала по наредба на јавен обвинител, а вчера во 18:30 часот на ул. „Климент Охридски“ во Струмица биле лишени од слобода Е.Б.(32) од село Попчево, струмичко...
Уставниот суд е надлежен да ја цени уставноста на законите, а не на предлог- законите, истакна Костадиновски
Уставниот суд, согласно со Уставот и Актот на Судот, е надлежен да ја цени уставноста на законите, а не на предлог- законите. Следствено на ова, Уставниот суд, од аспект на апстрактната контрола, е надлежен да ја цени уставноста и законитоста на позитивното право односно на општите прописи и општите акти што се дел од правниот поредок и нивната уставност...
Лидерите од Западниот Балкан ја потврдија решеноста за искористување на можностите на Планот за раст, објави ЕК
Лидерите на шесте партнери на ЕУ од Западниот Балкан на денешниот состанок со еврокомесарката за проширување Марта Кос во Скопје ја потврдија својата решеност да ги искористат можностите што ги носи Планот за раст на регионот, соопшти Европската комисија по повод денешната лидерска средба во македонскиот главен град.
- По една година унапредување на реформите и интензивна соработка во области...
Брајан Мајклс добитник на наградата за животно дело Актер на Европа 2025 на Интернационалниот театарски фестивал во Преспа
Интернационалниот театарски фестивал Актерот на Европа, кој што беше основан во 2003 година, кога Европскиот парламент го прогласи Препанското Езеро за Меѓуграничен европски парк, меѓу Македонија, Грција и Албанија, оваа година ќе го има своето 23. издание, со почеток на 6 јули 2025, пред „Сарајот“ во Ресен.
Фестивалот ќе започне со ретроспектива на легендарните имиња на европскиот театар, досегашни добитници...
Два онколошки лекови префрлени од болничка во примарна позитивна листа
Генералните директори на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, денеска на прес-конференција информираа за три новини во работата на Фондот - два онколошки лекови префрлени од болничка во примарна позитивна листа, проширен рокот во кој осигурени лица можат да остварат рехабилитација, како и поголем опфат и современа поддршка за ортопедски и други помагала. Тие рекоа дека...
Во полициска акција на СВР Струмица разбиен канал за шверц на дрога, истакна Тошковски
Полициски тим на Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица вчера разбил меѓународен канал за трговија со дрога. Во акцијата, како што информира денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, полицијата запленила околу 100 килограми марихуана и биле уапсени неколку лица.
Министерот на денешната прес-конференција по средбата со литванскиот министер за внатрешни работи Владислав Кондратович, информира дека полициските службеници ќе бидат...









































