Софија го негира она што Софија веќе го признала!?
Во пресрет на гласањето во Европскиот парламент (ЕП) по Извештајот на Томас Вајц, наши соговорници, универзитетски професори, правници и политички аналитичари, инсистираа нивниот апел (со нивна многу интересна нова забелешка) уште еднаш и посилно да одекне во јавноста и „да ја потсети и алармира европската и светската објективна и правдољубива јавност за геноцидните и културоцидните барања на бугарските европарламентарци,...
Унгарија и Балканот од конзервативна перспектива
Врските меѓу Унгарија и балканските земји се историски, многу важни за двете страни, но потенцијално исклучително важни за иднината на Европа и, секако, на овој дел од светот. Хипотезата и препораката на овој напис се дека Унгарија би можела да го зајакне своето влијание во регионот во иднина, што би било од корист и за неа и за населението...
Трамп ги исмеа плановите на Маск за нова партија, опишувајќи ги како „апсурдни и збунувачки“
Американскиот претседател Доналд Трамп ги оцени плановите на Илон Маск за формирање нова политичка партија како апсурдни, додавајќи дека Америка функционира најдобро во рамките на двопартиски систем.
Еден ден откако Маск го ескалираше конфликтот со Трамп објавувајќи создавање на нова партија, новинарите го прашаа американскиот претседател за коментар пред неговото заминување од Мористаун, Њу Џерси, каде што беше во посета...
ДЗС: Активни четири пожари, два полициски и еден армиски хеликоптер го гаснат пожарот над магистралниот пат Скопје – Блаце
Во моментов има 12 пожари на отворено, од кои четири се активни, еден е локализиран, а седум се изгаснати - објави ЦУК.
Активни се пожарите во Општина Прилеп: село Бешиште, каде е зафатена мешана шума, во Општина Македонски Брод во село Црешнево каде гори деградирана дабова шума и грмушки. Во Општина Чашка под Солунска глава, помеѓу изворите на Бабуна и...
По поплавите во Тексас смртниот биланс се искачи на 82 лица, меѓу кои и 28 деца
Катастрофалните поплави во Тексас однесоа најмалку 82 животи, меѓу кои 28 деца, додека операциите за пребарување на исчезнати девојчиња од летен камп продолжуваат трети ден, а стравувањата од нови нагли поплави предизвикаа дополнителни евакуации.
Шерифот на округот Кер Лари Лејта изјави дека само во неговиот округ загинале 68 лица, вклучувајќи 28 деца. Гувернерот на Тексас, Грег Абот, на вчерашната прес-конференција...
Рај на Земјата на Марјан Скрижевски – ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА
Фотографијата Рај на Земјата на авторот Марјан Скрижевски е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата.
На фотографијата е езерото Козјак со Млечниот Пат. Фотографирано е на 21 Јуни 2025 од видиковец близу село Седларево, вели Скрижевски во описит на фотографијата.
Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.
„Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија...
Пожарот во дворот на Психијатриската болница е целосно под контрола, нема повредени ниту материјална штета
Министерството за здравство соопшти дека по пожарот што синоќа зафати дел од тревна површина во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, ситуацијата е целосно ставена под контрола и нема причина за загриженост.
-Од безбедносни причини, во краток временски период беше спроведена превентивна евакуација на дел од пациентите и вработените. Навремената и координирана интервенција на надлежните служби спречи проширување на пожарот...
Зголемените американски царински стапки ќе се применуваат од 1 август
Американскиот министер за финансии Скот Бесант денеска објави дека драстично зголемените американски царини ќе стапат во сила на 1 август - пренесува Бета.
Тие беа објавени на почетокот на април, а потоа привремено суспендирани додека се во тек преговорите со засегнатите земји.
Само оние држави кои ќе постигнат договор со САД во наредните денови ќе бидат ослободени од новите царински давачки.
Како...
Нема данок за неженети и немажени, ќе имаме мотивирачки мерки и субвенции, истакна Мицкоски
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител Телевизија истакна дека нема да има данок за неженети и немажени, туку целта е да има дебата, да се крене свесноста и додаде дека Владата ќе има мотивирачки мерки и субвенции, мора да се работи за наталитетот, затоа што Македонија тивко умира.
- Желбата беше да се...
Под контрола пожарот во Геге и дел од дворот на Психијатриската болница Бардовци, пациентите и персоналот евакуирани
Центарот за управување со кризи (ЦУК) вечерва соопшти дека е под контрола пожарот во населбата Геге во општина Ѓорче Петриов кој се проширил кон населбата Бардовци и зафатил дел од површината на дворот на Психијатриската болница Бардовци, обраснат со висока сува трева и дрвја.
- Пожарот претставуваше опасност да се прошири во целиот комплекс на болницата. Веднаш беше пристапено кон...









































