Каја Шукова кандидат на СДСМ за Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата, којшто заседавал денеска. За кандидат за градоначалник на Скопје ја најави потпретседателката на СДСМ Каја Шукова. -За кандидат за Општина Битола - претседателот на Општинската организација Методија Куновски, во Валандово актуелниот градоначалник Перо Костадинов, во Виница...

Нормализирано водоснабдувањето во детската болница Козле

Министерството за здравство информира дека водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле е целосно нормализирано. -Хоспитализацијата на пациентите продолжува непречено, а здравствената установа функционира во целосен капацитет. Министерството останува посветено на следење на состојбата и обезбедување континуирана здравствена заштита за најмладите пациенти - стои во соопштението на Министерството. Претходно денеска, МЗ соопшти дека поради прекин во водоснабдувањето...

Пожар во стан во Скопје, седум лица добиле медицинска помош заради вдишување чад

Седум лица вдишиле чад при пожар што избувнал попладне околу 16.30 часот на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје, кој веќе е изгаснат од противпожарните служби на град Скопје. На повредените лица им е пружена медицинска помош, потврди за МИА Ѕвонко Томевски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје. Пожарникарите интервенирале со две возила во гаснењето на пожарот што...

Скопјанец возел на патот Охрид-Кичево со 3,15 промили алкохол во крвта

На патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево денеска околу 14 часот  го лишиле од слобода Б.К.(48) од Скопје кој со 3,15 промили алкохол во крвта управувал патничко моторно возило „тојота" со скопски регистарски ознаки, информира Министерството за внатрешни работи. По претходно добиена пријава на телефонскиот број 112 дека едно возило се движи неконтролирано по патот, преземени се соодветни мерки...

Пет години и шест месеци затвор за првообвинетата Марлиене која посредувала Бразилки за проституција во Скопје

Основниот кривичен суд – Скопје денеска донесе пресуда за тројца од вкупно четворицата обвинети во случајот со посредување на девојки од Бразил за проституција во Скопје. На првообвинетата Де Јесус Невес Марлиене, државјанин на Бразил, Судот ѝ изрече казна затвор во времетраење од пет години и шест месеци, додека на третообвинетиот Сабедин Демири и четвртоосомничениот Немања Михајловски, државјани на Македонија,...

Вештачката интелигенција ќе биде воведена во средното образование

Вештачката интелигенција (ВИ) ќе биде воведена во средното образование и ќе се применува за различни теми по сите предмети и во слободните училишни активности. Ќе им биде корисна на учениците да размислуваат креативно, на наставниците за да ги планираат предавањата и тестовите, како и за автоматизирање на различни административни процеси во училиштата. За воведување на ВИ во наставата, МОН и...

Предметот за пожарот во „Пулс” префрлен во надлежност на ОЈО Скопје

Јавното обвинителство на Македонија донесе Решение со кое го определи Основното јавно обвинителство Скопје за стварно и месно надлежно обвинителство во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс”. - Одлуката е донесена имајќи го предвид Решението на Советот за казниви дела при Врховниот суд КР-35/25, со кое за стварно и месно надлежен суд за постапување по предметот го определи Основниот...

Советот на Европа: Македонија со „умерена пренатрупаност“ во затворите

Пренатрупаноста на затворите останува главен предизвик за една третина од европските земји, при што бројот на затвореници на 100 расположливи места за една година се зголемил од 93,5 на 94,9, се наведува во извештајот „Годишна казнена статистика на Советот на Европа“ (СПАЦЕ) објавен денеска. Во него се посочува дека во однос на состојбата во затворите, Македонија со 101 затвореник на...

Се степаа шимпанзата Коко и Изи во скопската зоолошка градина, Коко заврши со повреда на ногата

Зоолошката граина Скопје, на официјалниот фејсбук профил информираше дека двете шимпанза, Коко и Изи се степале, при што Коко завршил со повреди на ногата. - Како и кај сите блиски односи, понекогаш дури и најдобрите пријатели знаат да се налутат. Нашите шимпанза, Коко и Изи, кои живеат заедно веќе неколку години и имаат силна врска, имаа мало недоразбирање при игра, што...

Од утре ексклузивен фељтон за Александар Македонски во „Нова Македонија“

„Нова Македонија“ во пресрет на датумот на раѓање на Александар Македонски, за кој се претпоставува дека бил меѓу 20 и 23 јули, објавува ексклузивен фељтон на Никола Ристевски, кој како долгогодишен истражувач на македонските природни ресурси и културно наследство дава приказ за ликот и делото на големиот македонски војсководец, неговата поврзаност со Македонија, како и за неговото светско наследство