Предметот за пожарот во „Пулс” префрлен во надлежност на ОЈО Скопје
Јавното обвинителство на Македонија донесе Решение со кое го определи Основното јавно обвинителство Скопје за стварно и месно надлежно обвинителство во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс”.
- Одлуката е донесена имајќи го предвид Решението на Советот за казниви дела при Врховниот суд КР-35/25, со кое за стварно и месно надлежен суд за постапување по предметот го определи Основниот...
Советот на Европа: Македонија со „умерена пренатрупаност“ во затворите
Пренатрупаноста на затворите останува главен предизвик за една третина од европските земји, при што бројот на затвореници на 100 расположливи места за една година се зголемил од 93,5 на 94,9, се наведува во извештајот „Годишна казнена статистика на Советот на Европа“ (СПАЦЕ) објавен денеска.
Во него се посочува дека во однос на состојбата во затворите, Македонија со 101 затвореник на...
Се степаа шимпанзата Коко и Изи во скопската зоолошка градина, Коко заврши со повреда на ногата
Зоолошката граина Скопје, на официјалниот фејсбук профил информираше дека двете шимпанза, Коко и Изи се степале, при што Коко завршил со повреди на ногата.
- Како и кај сите блиски односи, понекогаш дури и најдобрите пријатели знаат да се налутат. Нашите шимпанза, Коко и Изи, кои живеат заедно веќе неколку години и имаат силна врска, имаа мало недоразбирање при игра, што...
Од утре ексклузивен фељтон за Александар Македонски во „Нова Македонија“
„Нова Македонија“ во пресрет на датумот на раѓање на Александар Македонски, за кој се претпоставува дека бил меѓу 20 и 23 јули, објавува ексклузивен фељтон на Никола Ристевски, кој како долгогодишен истражувач на македонските природни ресурси и културно наследство дава приказ за ликот и делото на големиот македонски војсководец, неговата поврзаност со Македонија, како и за неговото светско наследство
Водовот за причините поради кои нема вода во болницата Козле: Дефектот е во инсталацијата на болницата
Во врска со прекинот на водоснабдувањето на детската болница Козле, ЈП „Водовод и канализација“ ја информира јавноста дека нивни екипи извршиле комплетен увид на терен и констатирале дека причина за прекинот не е во нивна надлежност.
- Станува збор за дефект на водоводната инсталација која е во сопственост на болницата. За наведеното, известени се надлежните во болницата и истите треба...
Македонија стабилна, сигурна и подготвена членка на НАТО Алијансата
Во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп промовирана воената опрема донација од Турција
Во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, на пратеници, други гости, денеска во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, беше промовирана артилериската батерија составена од шест хаубици 105 mm, „Боран“ и друга придружна опрема, донација од...
По најавата за зголемување на температурата МЗ излезе со препораки за заштита на здравјето на населението
Престојување во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11 до 17 часот, внесување доволно течности, избегнување алкохол и засладени пијалоци, носење лесна, светла облека и користење заштита за глава и очи, избегнување физичка активност во најтоплите часови од денот, посветување внимание на деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени, да се одложат активности на отворено...
Михајло Грбевски-Мишко ја промовираше својата прва книга „Rock N` Beat“
Поранешниот музички новинар Михајло Грбевски-Мишко, денеска на платото пред музичкиот салон „До-ре-ми“, во Младинскиот културен центар во Скопје ја промовираше својата прва книга со симболичен наслов „Rock N` Beat“.
Станува збор за второ, дополнето издание, во кое за разлика од првото има и фотографии од некои од музичките соговорници. Промоцијата, е во рамките на културната манифестација „Скопско лето“.
Промотори на книгата...
Продолжен притворот за обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“, обвинителниот акт доставен до одбраната
Кривичниот суд соопшти дека е продолжен притворот на обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Воедно, оттаму информираат дека обвинителниот акт е веќе доставен до сите обвинети и нивните адвокати, а откако ќе го примат, започнува рок од осум дена за приговор. По истекот на тој рок, судечкиот совет ќе заседава и ќе ја извести јавноста за следните...
ЕК предлага зголемување на таксата за безвизно патување од 7 на 20 евра
Европската комисија предложи зголемување на таксата за дозвола за безвизно патување во ЕУ за странци од 7 на 20 евра поради инфлацијата, соопшти Комисијата. Цената на таксата не е променета од 2018 година.
Дозволата за безвизно патување важи три години и се плаќа еднократно. Комисијата истакнува дека предлогот е усогласен со таксите што ги наплатуваат САД (21 долар за две...









































