Михајло Грбевски-Мишко ја промовираше својата прва книга „Rock N` Beat“
Поранешниот музички новинар Михајло Грбевски-Мишко, денеска на платото пред музичкиот салон „До-ре-ми“, во Младинскиот културен центар во Скопје ја промовираше својата прва книга со симболичен наслов „Rock N` Beat“.
Станува збор за второ, дополнето издание, во кое за разлика од првото има и фотографии од некои од музичките соговорници. Промоцијата, е во рамките на културната манифестација „Скопско лето“.
Промотори на книгата...
Продолжен притворот за обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“, обвинителниот акт доставен до одбраната
Кривичниот суд соопшти дека е продолжен притворот на обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Воедно, оттаму информираат дека обвинителниот акт е веќе доставен до сите обвинети и нивните адвокати, а откако ќе го примат, започнува рок од осум дена за приговор. По истекот на тој рок, судечкиот совет ќе заседава и ќе ја извести јавноста за следните...
ЕК предлага зголемување на таксата за безвизно патување од 7 на 20 евра
Европската комисија предложи зголемување на таксата за дозвола за безвизно патување во ЕУ за странци од 7 на 20 евра поради инфлацијата, соопшти Комисијата. Цената на таксата не е променета од 2018 година.
Дозволата за безвизно патување важи три години и се плаќа еднократно. Комисијата истакнува дека предлогот е усогласен со таксите што ги наплатуваат САД (21 долар за две...
Претседателката на ДКСК обвинета за одавање службена тајна во случајот „Адитив“
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, која се сомничи дека во периодот од мај до декември 2024 година, на неповикано лице обвинето во предметот „Адитив“ му сторила достапни податоци кои се сметаат за службена тајна. Воедно, на Димитровска ѝ се...
Наместо во Козле, децата времено ќе се хоспитализираат на Детската и на Инфективната клиника
Министерството за здравство соопшти дека поради прекин во водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле, веднаш е побарано од Универзитетска клиника за детски болести и Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби времено да ги згрижат пациентите кои ќе имаат потреба од хоспитализација, додека во Козле ќе продолжи третманот на пациенти во дневна болница...
„Македонско најдобро“ кампања на Министерството за земјоделство за зајакнување на домашното производство
„Македонско најдобро“ е новата кампања преку која Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се обиде да го зајакне и зголеми производството на домашни земјоделски производи, да ја подигне свеста за квалитетот и автентичноста на овие производи и да обезбеди полесен пристап на граѓаните до овие производи.
Кампањата започнува со видео запис којшто денеска беше промовиран од страна на министерот...
Во Охридското Езеро, кај Лин, археолози ја пронајдоа најстарата подводна населба на изградена на езеро во Европа
Неверојатно археолошко откритие на брегот на Охридското Езеро во Албанија, кај Лин, каде што археолозите веруваат дека ја пронашле најстарата подводна населба некогаш изградена на езеро во Европа, со докази за организирана заедница на риболовци и земјоделци кои живееле до пред 6 до 8 илјади години.
Археолози од Универзитетот во Берн, Швајцарија, во соработка со албански колеги, веќе шест години...
„12“ – Театарска претстава за предрасудите, стереотипите и стравовите на денешното општество
Маестрална театарска игра на „Охридско лето“ донесоа вчеравечер извонредните актери на Македонскиот народен театар играјќи ја претставата „12“ работена по мотивите на теледрамата „12 гневни луѓе“ од Реџиналд Роуз, совршено адаптирана на денешницата од режисерот Синиша Ефтимов.
Претставата што ја обедини елитата на македонското глумиште е всушност е декларација за човечката неспособност и некомпетентност.
Во затворена просторија, дванаесетмина од различни општествени...
ЧетГПТ на прагот да стане онлајн продавница
„ОпенАИ“ развива нова функција на ЧетГПТ за купување производи директно преку разговор, без одење на веб-страниците на продавниците, што ќе овозможи купување производи директно. Продавачите што примаат нарачки преку оваа функција ќе наплаќаат провизија по трансакција. Во моментов, ЧетГПТ може да прикажува линкови до производи од различни страници, но наскоро може да добие и опција за директно плаќање. Партнер...
Утрински навики што го забавуваат метаболизмот
Медицински совет
Метаболизмот е срцето на вашиот енергетски систем - тој е задолжен за тоа како телото ја користи и ја троши енергијата од храната. Бавниот метаболизам не само што го отежнува губењето на тежината туку влијае и на нивото на енергија, расположението, варењето, хормоните и целокупното здравје. И додека многу луѓе ја обвинуваат генетиката или возраста за „бавниот метаболизам“,...









































