Безбедна и со добар квалитет е водата на скопската територија, покажале најновите анализи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Информацијата попладнево ја сподели јавното претпријатие на Фејсбук.
– Во текот на денов од страна на секторот Санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, се земени 42 примерока од водоводната мрежа на град Скопје од кои четири примероци се од бунарскиот потег Нерези-Лепенец – појаснија од претпријатието.
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговарале на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Од јавното претпријатие потсетија дека на сите примероци им се изработува физичко-хемиска и микробиолошка анализа согласно Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење во акредитираните лаборатории при секторот Санитарна контрола.





































