Две лица нападнати во скопскиот Градски парк
Непознати машки лица ноќеска околу 01:20 часот во Градскиот парк во Скопје ги нападнале А.Н.(23) од Прилеп и С.Б.(23) од Скопје.
Како што е наведено во полицискиот билтен двете лица додека се шетале биле пресретнати од неколку непознати машки лица, кои им побарале пари.
Во тој момент С.Б. успеал да избега и да го пријави настанот во полициска станица, а А.Н....
Почна Страдалната – Страстната – Велика седмица
Последната седмица пред Велигден (Пасха) е Страдална или Страстна седмица, Седмица на маките (страст е црковно-словенски збор и значи: мака, страдание). Страдалната седмица ја претставува последната седмица од Христовиот живот на земјава. Таа е недела на страданијата Господови. Сè е во спомен на последните денови од земниот живот на Спасителот наш Господ Исус Христос: Неговите страдања, смртта и погребението.
Оваа...
Конференција по повод првиот Буџет на независна Македонија
Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи Првата годишна конференција на Министерството за финансии по повод 2 април, денот кога беше донесен првиот Буџет на независна Република Македонија.
Тема на конференцијата е „Управување со јавните финансии и економски раст - комплементарни или спротивставени“.
Воведни обраќања ќе имаат премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери, а поздравен говор...
Прво рочиште за „Титаник“ во новата зграда на Кривичниот суд
Во новата зграда на Кривичниот суд денеска ќе се одржи првото рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Титаник“, што се однесува на десетина дела поврзани со изборни нерегуларности.
Во „Титаник“, што е прв случај обелоденет од СЈО, обвинети се поранешни функционери, меѓу кои и Никола Груевски, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.
Тие се осомничени од...
Најмалку 38 лица повредени при земјотрес во Иран
Во земјотресот со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала, што денеска го погоди западен Иран, повредени се 38 луѓе.
Поголемиот број од повредените луѓе по добиената лекарска помош пуштени се на домашно лекување.
Епицентарот бил во градот Сарпол-е-Захаб, каде во ноември минатата година беше регистриран земјотрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтер, при што загинаа околу 600 лица.
Иран е...
Демонстрации во Албанија, повредени 10 лица
Кога протестот кај тунелот Калимаш достигна кулминација со палење на наплатниот пункт се огласи премиерот Еди Рама, кој не само што не отстапува од веќе донесената одлука, туку најави воведување патарина и на други патишта.
Набрзо,според најавите, патарина ќе се воведе на автопатот Кашар-Рогожина-Валона, а потоа и на други патни правци.
Рама исто така остро реагираше околу денешните насилства заканувајќи им...
„Титаник“ прв предмет по преселбата на Кривичен во новата зграда
Од понеделник почнува со работа новата зграда на Основен суд Скопје 1, а случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство се очекува да биде првиот предмет, потврди на денешниот брифинг со новинари претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев.
Официјалното пуштање во употреба на новата зграда на Основниот суд Скопје 1 – Скопје ќе биде утре. Како што е најавено, напладне ќе...
Заев: Данокот не може да биде ист за плата од 10.000 денари и од 10.000 евра
Не треба да се плашиме од ниту една реформа што ќе биде исцрпена со дебата. Персоналниот данок на доход е владина програма, а тоа значи дека ќе се спроведе, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавеното прогресивно оданочување.
Владата, нагласи Заев, сака правично и фер општество. Не може некој што има плата 10.000 денари...
Конкурс за прием на 125 професионални војници во АРМ
Вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска најави дека утре го формализираат и го објавуваат првиот конкурс за прием на нови 125 професионални војници во Армијата на Република Македонија, кој ќе биде дел од вкупно 375-те нови професионални војници кои треба да го зајакнат армискиот состав.
Посочи дека со тоа се дава придонес и на политиката на Владата на...
Најдобра маската на „Кременковци“ од ОУ„Димка Ангелов Габерот“ од Ваташа
Река од принцези, принцови, пирати, сирени, црвенкапи, спајдермени и многу други маски денеска протече на градскиот плоштад во Кавадарци во рамките на традиционалното одбележување на Денот на шегата.
Во манифестацијата организирана од Домот на културата „Иван Мазов Климе“ зедоа учество учениците од сите основни училишта и детската градинка „Рада Поцева“, кои пропратени со звуците на прекрасните песнички од детските фестивали...








































