Саем на книгата со издавачи од регионот

Слоганот на годинашниот, јубилеен Саем на книгата е „30 години читаме со задоволство“, а во кампањата ќе учествуваат книжевни ѕвезди на македонските издавачки куќи. Саемот го организира „Скопски саем“, под покровителство на Министерството за култура, а ќе се одржи од 3 до 9 мај во ВИП-арената „Борис Трајковски“. Меѓународниот саем на книгата обезбедува широка програма на изложување, вклучувајќи дела...

Еден загинат и петмина повредени во 11 сообраќајни незгоди во Скопје

Едно лице загина, едно се здобило со тешки телесни повреди, а четири се здобиле со полесни повреди во 11-те сообраќајни несреќи регистрирани на подрачјето на СВР Скопје. Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај двајца возачи, од кои двајца под дејство на алкохол. Од сообраќај се исклучени и 41 нерегистрирано возило, 73 автомобили биле непрописно паркирани, а „пајакот“ подигнал возила 68.

Премиера на „Враќање“

Вечерва, во 20 часот, во киното „Синеплекс“ ќе се одржи официјалната македонска и светска премиера на долгометражниот игран филм „Враќање“, во режија на Кастриот Абули. Филмот е финансиран со средства од Агенцијата на филм на РМ, а во копродукција со Косовскиот центар за кинематографија и режисерот Абдули. Покрај врвни филмски автори, актери и работници од Македонија и од Косово, како...

Промоција на мелографите од легатот на Васил Хаџиманов

Во Факултетот за музичка уметност денеска, во 13 часот, во малата концертна сала ќе се одржи промоција на каталогот за мелографите од легатот на истакнатиот македонски фолклорист Васил Хаџиманов, кој го изработија студентите на програмата од вториот циклус студии за музички науки при ФМУ Николче Витковски и Цветанчо Николоски, под менторство на Димитрије Бужаровски. На промоцијата каталогот ќе им...

Јункер: Преговорите со Македонија и Албанија ќе траат долго

Одлуката на Европската комисија да предложи Македонија и Албанија да ги почнат преговорите за приклучување кон ЕУ, не значи дека овие преговори ќе почнат уште утре, изјави претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, во Европскиот Парламент во Стразбур. - Прво, неопходно е одобрението од Европскиот совет, односно во следните шест месеци ќе го дознаеме ставот и на Советот на ЕУ - додаде Јункер. Појасни дека...

Најмногу награди за „Јами дистрикт“ на „Лица без маски“

Претставата „Јами дистрикт“, во режија на Кокан Младеновиќ, е добитник на гран при за најдобра претстава во целина на 11-от ИТФ „Лица без маски“. Жирито во состав: Нина Николиќ, режисер, Дарја Ризова, актерка, и Драгана Лукан Николовски, драматург, во образложението велат дека претставата е заокружен проект, во кој јасно се гледа соработката на целата авторска екипа. Занимавајќи се со...

Трамп ја именуваше Џина Хаспел за директор на ЦИА

Американскиот претседател Доналд Трамп го информираше Конгресот за тоа дека и формално ја именувал досегашната заменичка-директор на ЦИА Џина Хаспел за нов директор на таа агенција. Минатиот месец Трамп на Твитер напиша дека ја избрал Хаспел да раководи со Централната разузнавачка агенција на местото на Мајк Помпео, кој е номиниран за државен секретар. Џина Хаспел е дел од ЦИА повеќе од...

Тинејџер со нож избоде ученици

Властите во руската република Башкортостан (Башкирија) соопштија дека четири лица, меѓу кои три деца, се во тешка здравствена состојба откако тинејџер извел напад во училиште во градот Стерлитамак. - Според нашите информации, четири лица се повредени и одведени во болница во градот, меѓу кои и три деца. Тие се во тешка состојба - изјави прес-секретарката при републичкото Министерство за здравство...

Тринаесет европски музеи што мора да се посетат

Британскиот весник „Гардијан“ направи листа на 13 нови европски музеи што мора да се посетат. Меѓу нив се најде и Музејот на современата уметност од Белград, кој котира на осмото место на листата. Во текстот насловен „Убава уметност или дрзок дизајн?“, авторот Вил Колдвел го опиша МСУ од Белград со следните зборови: „Беше затворен поради реновирање од 2007 до...

Тачи ја повика ЕУ да и даде појасна перспектива на Приштина

Косовскиот претседател Хашим Тачи ја повика Европската унија(ЕУ) да и даде појасна перспектива на Приштина и да ја третира рамноправно со останатите земји на патот кон членство во ЕУ. Според Тачи, Косово останува посветено на евроинтеграцијата и со „соодветната волја ќе ги зајакне своите чекори кон интеграцијата во ЕУ“. Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини го...