Комедијата „Нема да може оваа вечер“ доаѓа во кината
Наскоро и нашата публика ќе може да ужива во урнебесната комедија „Нема да може оваа вечер“, бидејќи филмот по премиерата во САД ќе почне да се прикажува и во Европа.
Приказната почнува кога родителите го откриваат планот на својата малолетна ќерка да ја загуби невиноста на матурската вечер, со што ќе му докаже на своето момче колку го сака. Тие...
САД се сомнева во способноста на Турција да организира фер избори
САД изразија сомнеж во способноста на Турција да организира фер избори во момент кога во земјата е во сила вонредна состојба.
- За време на вонредна состојба ќе биде тешко да се спроведат слободни, фер и транспарентни избори, согласно турското законодавство и меѓународните ангажмани на Турција - изјави портпаролката на Стејт департментот Хедер Наварт.
Таа потсети дека во Турција во сила...
Веќе ништо не ја спречува поранешната плејбој-зајачица да зборува за Трамп
Поранешниот модел на магазинот „Плејбој“, Карен Мекдугал, може јавно да зборува за наводната интимна врска со американскиот претседател Доналд Трамп, откако е ослободена од договорот со компанијата „Американ медија“, по постигнување на судска спогодба, пишува „Бизнис Инсајдер“.
„Американ Медија“ се согласи да ја ослободи некогашната „плејбој зајачица“ од договорот, според кој таа тврдеше дека претседателот на компанијата Дејвид Пекер, кој...
На 25 април нова средба на Димитров и Коѕијас со Нимиц во Виена
Следната седмица, на 25 април ќе се одржи нова средба во Виена на шефовите на дипломатите на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот Нимиц, објавија дел од грчките медиуми.
Датумот се споменува во новинарските кругови во Грција, но без официјална потврда или демант.
Грчкиот информативен портал Ин, пишува дека новата средба се планира под голема тајност,...
Судар на два воза во Австрија, 40 патниците полесно повредени
Најмалку 40 луѓе се полесно повредени во судар на два патнички воза во австрискиот град Салзбург, соопшти локалната полиција.
Возовите се судриле при спојување на главната железничка станица, односно едниот воз пресилно удрил во другиот кој доаѓал од Цирих, информира претставник на полицијата.
Инцидентот се случил во раните утрински часови.
Десетти хуманитарен концерт вечерва во Кичево
Вечерва со почеток во 19,30 часот, во големата сала од Центарот за култура во Кичево, ќе биде одржан десетиот хуманитарен концерт. Во изминатите години со средствата собрани од овие хуманитарни концерти, беа реновирани повеќе цркви во Кичевско, а беа помогнати и повеќе социјално загрозени семејства и лица со посебни потреби.
На вечерашниот концерт ќе настапат поголем број познати локални изведувачи,...
Изгоре бугарски автобус што патувал кон Македонија
Бугарски автобус, со 46 патници кои патувале кон Македонија, синоќа целосно изгорел на патот меѓу Ќустендил и Граничниот премин Ѓуешево-Деве Баир.
Повредени патници нема, бидејќи сите навреме биле евакуирани и со друг автобус вратени во Софија.
Бугарските медиуми пренесуваат дека автобусот се запалил околу 18.30 часот, но причините не се соопштуваат.
Според првичните сознанија, станува збор за куса врска во електричната инсталација...
Тринаесет сообраќајки во Скопје, потешко повреден велосипедист
Едно лице велосипедист се здобило со тешки телесни повреди, седум со полесни повреди во 13 сообраќајни несреќи регистрирани на подрачјето на СВР Скопје.
Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај 15 возачи, од кои 13 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи почетници.
Од сообраќај се исклучени и 15 нерегистрирани возила, 108 автомобили биле непрописно паркирани,...
Симулација на сообраќајка пред Сити Мол
Црвен крст на град Скопје во соработка со МВР денеска напладне пред Сити мол ќе реализира симулациска вежба на сообраќајна несреќа, последица од конзумирање алкохол од страна на матуранти за време на прославата на матурска вечер. На местото на настанот ќе биде поставено возило од кое ќе се извлекуваат повредени лица и во тој период во една сообраќајна лента...
„Пресе“: „Отворено општество“ на Џорџ Сорос ја напушта Унгарија
Фондацијата на Џорџ Сорос „Отворено општество“ ќе го зтавори своето претставништво во Будимпешта, а канцеларијата за активностите за Источна Европа ќе ја премести во Берлин, објави австрискиот весник „Пресе“
Унгарската интернет страница „444.hu“ објави дека Канцеларијата на Фондацијата за отворено општество ќе биде затворена на 31 август и ќе биде преместена прво во Виена, па потоа во Берлин.
Засега нема официјална потврда...








































