Кумановец со автомобил удрил во малолетни велосипедисти од Исланд
Кумановец со „фолксваген пасат“ удрил во двајца малолетни велосипедисти додека се подготвувале за денешната велосипедска трка која се одржува во рамкиите на европските младински олимписки игри - информираше денеска СВР Куманово.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцтa велосипедисти, констатирани во општа болница Куманово.
- Вчера во 12.09 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе,...
Муртезани во Берлин: Пристапните преговори мора да бидат заштитени од ревизионизам и билатерални условувања
Процесот на проширување треба да остане заштитен од билатерални блокади и ревизионистички наративи и е неопходно воспоставување ефективни европски механизми за воведување и мониторинг на европските стандарди и експертиза, особено во доменот на историските и билатерални прашања, со цел да се обезбеди правичност и предвидливост на патот кон членството, истакнал министерот за европски прашања Орхан Муртезани на средбата во...
Три дена без телефон го ресетираат вашиот мозок
Техно
Замислете го исклучувањето на телефонот само на 72 часа. Без пораки, без известувања, без социјални медиуми и без постојано гледање во телефонот. Можеби изгледа како предизвик, но науката вели дека толку кратка пауза од екраните резултира со изненадувачки моќни промени во мозокот - слични на оние што се случуваат кога некое лице закрепнува од зависност. Најновото истражување покажува дека...
Повеќе од 60 европски филма под ѕвезденото небо
Од 23 до 27 јули, Охрид повторно станува живо гледалиште на новиот европски филм. Осмото издание на „Бич филм фестивал“ ќе се одржи на четири внимателно избрани локации: главното отворено кино на плажата Славија, култната плажа Сараиште, бродот „Армада“ и Младинскиот центар во Охрид. Фестивалот годинава носи повеќе од 60 филма од современата европска кинематографија – внимателно селектирани, со...
Солзите од камила го неутрализираат змискиот отров
Во заедничка студија на научници од Индија и од Обединетите Арапски Емирати беше дојдено до изненадувачко откритие: во солзите и крвта на камилите има микроскопски воини - антитела што имаат способност да го неутрализираат отровот на 26 различни смртоносни змии, вклучувајќи ги и најопасните видови како што се индиската кобра и африканската таписерија, пишува „Маниконтрол“.
Тоа е нанотело, специфична форма...
Атлантски Океан плива во нанопластика
Студијата, предводена од тим од Универзитетот „Утрехт“ во Холандија, се базира на примероци земени на различни длабочини од 12 локации низ северниот Атлантик. Беа користени скенирање слики со висока резолуција и хемиско филтрирање за да се пронајде нанопластика во примероците, која може да биде тешка за гледање поради нејзината многу мала големина. Анализата беше јасна: океанот плива со нанопластика,...
Прекрасна вечер на Бах со германскиот виолончелист Даниел Милер-Шот
Еден од најбараните виолончелисти на денешницата, Даниел Милер-Шот од Германија, вчеравечер беше дел од концертната програма на фестивалот „Охридско лето“, изведувајќи дела од композиторот Јохан Себастијан Бах. Тој е присутен на сите големи концертни подиуми и веќе неколку децении ја одушевува публиката како голем амбасадор на современата музика преку неговите идеи за обединување на музиката, литературата и визуелната уметност.
-...
Пет активни пожари и четири под контрола – горат шуми, треви, стрништа
Вкупно 27 пожари се евидентирани во земјава од кои пет активни и четири под контрола, а 18 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), Општина Прилеп – с. Бешиште, место викано Бешишки Рид...
Линераното покачување на пензиите пред пратениците
Собранието повторно пред почетокот на новата 63. седница замина на пауза од еден час на барање на Левица, на што реагираше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски кој кажа дека намерно се одложува работата на пленумот поради тоа што опозициската партија не добива одговор на прашање од собраниската служба.
Мицевски посочи дека денеска исто така на друга седница...
До недела многу топло, до 43 степени
Утре и во сабота ќе се задржи многу топло време со температура која наместа ќе достигне и 43 степени Целзиусови, соопшти УХМР.
Од недела и во деновите потоа температурата ќе биде во опаѓање и ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер.








































