Изгаснат пожарот кај селото Нивичани

Пожарот што попладнево избувна во атарот на селото Нивичани е целосно изгаснат. Сепак, на терен е оставена дежурна екипа пожарникари со цел да се исклучи секаква можност од повторно избувнување, информира Драган Апостолов, командир на кочанската Територијална против пожарна единица. Огнот во атарот на кочанското село Нивичани избувна доцна попладне. Гореше трева и нискостеблеста шума на просторот од Нивичани до...

Две женски лица на возраст од 16 и 26 години потонале во водите на реката Вардар кај Градско

Попладнево во СВР Велес пријавено е дека две женски лица на возраст од 16 и 26 години потонале во водите на реката Вардар во близина на село Уланци, општина Градско. -По пристигнување на местото, 26 годишната жена е пронајдена жива, а по 16 годишното девојче се уште се трага - информираат вечерва од СВР Велес. Во моментов екипи на СВР Велес...

Пензиите ќе се покачат за 2 000 денари, Собранието ги усвои измените

 Собранието вечерва во рамки на 63. седница со 79 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржани“ ги усвои измените на Законот за пензинско и инвладиско осигурување, со што ќе се овозможи линеарно покачување на пензиите за 2000 денари. Како што се посочува во законот, сите видови пензии, кои се исплаќаат во земјава, на 1 септември 2025 година и на...

 Гори шума над селото Нивичани, на Осоговските Планини

Гори шума над селото Нивичани, на Осоговските Планини, петнаесетина километри од Кочани. Пожарот е пријавен вечерва, нешто по 18 часот. Според информациите од теренот, огнот зафатил поголема површина и претставува закана за неколку викенд-куќи во близината на селото. Од Територијалната противпожарна единица – Кочани информираат дека се ангажирани сите расположливи средства и дека гаснењето се одвива во координација со Доброволното...

За интерпелацијата на Коцевски ќе се расправа на 29 јули

За интерпелацијата за работата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, поднесена на 26 јуни од пратеничката група на Левица, ќе се расправа во рамки на 64. собраниска седница закажана на 29 јули, наведено е на собраниската веб-страница. Левица во интерпелацијата доставена до претседателот на Собранието, Африм Гаши, посочуваат дека ја поднесуваат поради непочитување на уставните и законските обврски. Интерпелацијата ја засноваме на...

Технолошката индустрија е потресена од нов бран отпуштања во најголемите светски компании

Само неколку недели по почетокот на втората половина од годината, технолошката индустрија е потресена од нов бран отпуштања во најголемите светски компании. Според податоците што ги собра „Бриџ Кроникл“ (The Bridge Chronicle), повеќе од 100.000 луѓе веќе останале без работа, а предводи Интел (Intel) со повеќе од 12.000 укинати работни места ширум светот. Следува Мајкрософт (Microsoft) кој отпушти 10.000 вработени во...

Вкупно 16 пожари на отворено, пет се активни

На територијата на државата заклучно до 18:30 часот се евидентирани вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, шест се под контрола, а пет се изгаснати. Пожарот кој што попладнево изби на брегот на Преспанското Езеро во близина на село Перово се гаси со еден Ер трактор, а како што посочија од Дирекцијата за заштита и...

Инфраструктурни активности и кадровско зајакнување во ГОБ „8 Септември“

Министерот за здравство, Азир Алиу во рамки на денешната работна средба со директорот на ГОБ „8 Септември“, Синиша Стојаноски ја реафирмираа заложбата за континуирано унапредување на третманот на пациентите и условите за работа на здравствениот персонал. При посетата, како што соопшти Министерството за здравство, Стојаноски го информирал министерот дека веќе се почнати градежни активности за реконструкција на хируршкиот дел и...

Во целосен прекин сообраќајот кај Маврово – Дебар поради сообраќајка

Од 17:50 часот на патниот правец Маврово - Дебар и обратно, кај Ростушки мост, сообраќајот е во целосен прекин поради сообраќајна незгода, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија. Од АМСМ посочуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема...

Европската централна банка (ЕЦБ) ги потврди важечките каматни стапки во еврозоната

Европската централна банка (ЕЦБ) ги потврди важечките каматни стапки во еврозоната, означувајќи пауза во намалувањето на трошоците за задолжување, со предупредување дека нарушувањата во светските синџири на снабдување би можеле да ги ограничат производните капацитети на компаниите и да ја поттикнат инфлацијата. Каматната стапка за рефинансирање на банките и понатаму ќе изнесува 2,15 проценти, а каматната стапка на прекуноќните депозити...