Го испорачуваме ветеното, донесени важни закони за пензионерите и за студентите, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата ги испорачува ветувањата кон граѓаните, посочувајќи дека вчера се донесени два важни закона за пензионерите и за студентите. Потенцираше дека барањето од пензионерите за линерано зголемување на пензиите е реализирано од страна на Владата. -Тие бараа фер, правично, линеарно зголемување и со овие нови 2.000 денари линеарно зголемување, ако се додадат и оние 5.000...

Митовски: Кривичната пријава против мене е правно неоснована

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски оцени дека кривичната пријава поднесена од СВР Куманово против него и двајца вработени во општината е правно неоснована. – Наводите во кривичната пријава се однесуваат на, наводно „невалидност на одобрение за градење“ и „промена на инвеститор“. Дозволете ми да ги разјаснам фактите: правото на градба не може да се одземе без исполнување на...

САД и Израел ја предупредуваат Франција, откако Макрон најави признавање на Палестина

Соединетите Американски Држави и Израел остро го критикуваа францускиот претседател Емануел Макрон откако тој објави дека Франција има намера да ја признае државата Палестина. Макрон ја даде изјавата вчера, а формална декларација се очекува во септември, велејќи дека потегот ќе ги унапреди мировните напори на Блискиот Исток. Вашингтон и Западен Ерусалим го осудија ветувањето на Макрон, предупредувајќи дека тоа би...

Трамп: Договорот со ЕУ има 50 посто шанси, а договорот со Канада можеби нема да се случи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека има 50 посто шанси САД да постигнат трговски договор со Европската Унија, според неговата изјава за медиумите кога замина за Шкотска. -САД можеби нема да постигнат договор за трговски договор со Канада, додаде Трамп. „Немавме многу среќа со Канада. Мислам дека Канада би можела да биде земја каде што имаме само царини, а...

Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019

Фирмата „Реал градба“, нејзиниот сопственик, 61-годишниот  Тасе Илиевски,  и 58-годишниот вработен   Марјан Ангелов, се виновни  за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ за предизвикување на пожарот над езерото „Младост“ кај Велес во август 2019, пресуди попладнево  Основен суд Велес. Судот со кој претседаваше судијата Бојанчо Донев  во пресудата  одлучи дека обвинетите кривичното дело го сториле со умисла и им...

Кадиров хоспитализиран откако беше спасен од давење во Бодрум

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров е хоспитализиран откако беше спасен од давење во турското одморалиште Бодрум, објави онлајн изданието „Милиет“. Инцидентот се случил напладне во покраината Мугла, каде што Рамзан Кадиров бил на одмор во хотел со пет ѕвездички. Според информациите, кратко по влегувањето во водата, чеченскиот лидер одеднаш почнал да мавта со рацете во обид да се спаси. Екипите на брзата помош...

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 60-годишник осомничен за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Кражбата, соопшти денеска Јавното обвинителство, ја извршил на Клиниката за радиотерапија и онкологија, каде искористил невнимание на еден пациент од велешко, ја протнал раката во неговиот џеб и одзел 300 евра и 28 000...

Николоски најави уште три нови проекти за Општина Гевгелија

Имаме уште неколку тековни проекти, а јас сакам да најавам три нови затоа што нашата работа не завршува, бидејќи цело време имаме нови и нови работи коишто ги правиме. Со подршка на Министерството за транспорт и врски во моментот има активен повик за избор на изведувач кој ќе работи во населените места Моин, Прдејци и Богородица и таму ќе...

Продолжуваме жестоко да се бориме за нашиот идентитет, порача Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски, по обвинувањата од опозицијата дека власта се откажала од идентитетот и јазикот,  порача дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата прави жесток обид да поврати барем малку од она што претходно било распродадено од претходниците, за кои рече дека единствено што правеле биле национални предавства  и потпишување на сите документи што им биле ставани на маса. Продолжуваме, посочи...

„Патот на Илинденците“ во Кочани во чест на починатите во трагедијата од 16 – ти март

Коњаници од Битола облечени во црни маици со македонско знаме, традиционално комитски обуени на нозете утринава дефилираа низ Кочани. Дефилето е дел од традиционалната манифестација „Патот на Илинденците“ и беше посветено на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“ од 16 март, кога во пожар животот го загубија 62 лица. Зад овој настан стои Здружението за развој на рурален туризам „Битолска...