Владата одлучи да откупиоколу 9.000 тони пченица и околу 2.400 тони ориз и оризова арпа од реколтата 2024

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека на Владина седница е донесена одлука за откуп на пченица за стоковите резерви, и по прв пат за откуп на оризова арпа со што ќе им се помогне на земјоделците кои што ги прозиведуваат овие житни култури. -Донесовме одлука на владина седница околу 9.000 тони да биде откупена пченица и околу 2.400...

Орце Богданоски избран за војвода на годинешната кичевска коњаница

По единаесетти пат, денес 28.07.2025 година, самостојната Кичевска коњаница „Пресвета Богородица Пречиста“ го започна своето патешествије од истоимениот манастир до славно Крушево. По утрената Богослужба збогатена со литургија и избор на војвода, коњаницата тргна по својот пат до Крушево, каде на втори август ќе биде дел од дефилето на коњаниците, на свеченото одбележување на овој голем национален празник. -Коњаницата „Пресвета...

Мицкоски очекува убави вести од Вашингтон за македонските извозници во САД

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во однос на тоа какви импликации ќе има трговскиот договор постигнат викендот меѓу ЕУ и САД, рече дека очекува убави вести од Вашингтон за македонските извозници во САД. -Тоа што се постигна вчера беше усогласена заедничка изјава помеѓу Европската Унија и САД и бидејќи јавноста можеше да види дека е на двострано...

Од ноќеска промена на времето, следи нестабилност со пороен дожд и грмежи и услови за краткотрајно невреме

Изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме ќе има денеска попладне, во текот на ноќта и утре претпладне, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата на УХМР,  до четврток и особено тој ден ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Повремен...

Први во регионот потпишавме Партнерство за безбедност и одбрана со ЕУ, вели Муцунски

Државата не се брани со зборови. Се брани со сојузници, опрема и знаење. Заедничките вредности не се декларираат – се штитат и се живеат, наведува министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во видео обраќањето објавено на социјалните мрежи, во кое зборува за важноста и придобивките од безбедносното партнерство со Европската Унија, при што ја потенцираше важноста...

На пожарот на планината Готен се дејствува и од земја и од воздух

Состојбата со пожарот на планината Готен на беровската страна е критична, неповолна и зафаќа нови површини, изјави денеска за МИА градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски. -Заштитниот појас, кој претходно беше направен од општествено одговорната компанија „Би груп“ е пробиен. Побарана е поддршка и од повисоко ниво. Така да цениме дека во текот на денот, таа поддршка да делува и...

Фондот за пензиско воведува СМС известувања за подигнување решенија за пензија

Граѓаните кои поднеле барање за остварување на право на пензија, од утре (29 јули), ќе бидат известувани со СМС пораки, каде и кога да го подигнат решението, информираат денеска од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување. Оваа услуга, како што велат од Фондот, се воведува со цел избегнување на непотребните доаѓања на шалтерите од страна на граѓаните и намалување на...

Апел од Водовод за рационално користење на водата

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“- Скопје, ја информира јавноста дека се продолжува со енормно зголемената и неконтролирана  потрошувачка на вода на дневно ниво, што предизвикува повторно нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем. Како што велат оттаму, како последица на големата потрошувачка, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот. - Имајќи го предвид...

Мицкоски вели дека состојбата со пожарите е под контрола

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ситуацијата со пожарите во државава е под контрола и оти во моментов нема огнена стихија којашто е надвор од контрола. За најголем дел од пожарите, вели премиерот, постојат сознанија дека се подметнати. -Имаме од 30 па и повеќе пожари секој ден, вчера беа над 50 пожари. Најголемиот дел од нив постои сомневање дека се...

Нови цени на бензините

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалуваат за еден денар по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) поевтинува се половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе биде 74,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за...