За еден ден ќе почне првичната селекција на лицата кои треба да бидат ангажирани како пожарникари

За еден ден ќе почне првичната селекција на лицата кои треба да бидат ангажирани како пожарникари, како и дводневната обука со теоретски предавања и многу малку безбедносна пракса, по што тие ќе бидат распоредени низ територијалните противпожарни единици. Групата од Скопје која брои нешто повеќе од 40 лица, ќе биде распределена во рамки на ДЗС. Како што соопшти раководителот на...

Еврокомисијата утврди: „Тему“ продава нелегални и несоодветни производи

Европската комисијата денеска прелиминарно утврди дека сајтот за онлајн трговија „Тему“ ги прекршил обврските според Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА) околу проценка на ризиците од продажба на нелегални производи на европскиот пазар. Според оценката на ЕК, постои висок ризик и голема веројатност потрошувачите во ЕУ преку сајтот да набавуваат нелегални и несоодветни производи, како што се играчки за...

Во септември постои можност да се сретнат Путин и Трамп во Кина, велат од Кремљ

Кремљ денеска објави дека е можна средба меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп во Кина во септември, доколку американскиот претседател пристигне таму на истиот датум како и неговиот руски колега. Путин треба да отпатува во Кина за прославите по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна на почетокот на септември. -Доколку американскиот претседател одлучи да оди во Кина тогаш, тогаш...

Ангелов за пожарите: Сите ресурси се под контрола и оптимално распоредени, Словенија и Франција ни понудија помош

Ја разбирам паниката меѓу граѓаните, но таа е наш непријател и може да предизвика носење лоши одлуки. Апелирам граѓаните да ги слушаат локалните или националните авторитети. Како држава имаме контрола над сите ресурси, и локалните и националните. Ресурсите нема никогаш да бидат доволни, но ние оптимално ги распоредуваме, каде што е непходно. Наш критериум број еден во справувањето со...

Кумановец загина во сообраќајна несреќа на патот Куманово-Крива Паланка

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи попладнево во 13 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, соопштија денеска од СВР Куманово. - Во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово-Крива Паланка, во населба Карпош, Кумановско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило и патничко моторно возило „пежо“, управувано од Б.С.(71) од Куманово. Од здобиените повреди,...

Мелони: Договорот меѓу САД и ЕУ спречува катастрофални последици

Италијанската премиерка Џорџа Мелони го поздрави трговскиот договор постигнат меѓу САД и Европската Унија, кој вклучува, меѓу другото, царина од 15 отсто за увозот од ЕУ, објавија италијанските медиуми. Го поздравувам фактот дека е постигнат договор, изјави Мелони за новинарите во Адис Абеба, каде што присуствува на Самитот на ОН за синџирот на исхрана. - Секогаш верував и продолжувам да верувам...

Индустриските производи на домашниот пазар во јуни поскапи за 0,2 проценти на месечно ниво, а за 5,3 на годишно

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се зголемени за 0,2 проценти во јуни во однос на мај годинава, а за 5,3 проценти споредено со јуни лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Како што наведува ДЗС, во јуни, на месечно ниво, има зголемување на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во групите...

Со современи дијагностички методи преку скрининзи навреме ќе се откриваат и лекуваат болестите на црниот дроб

Со примена на современи дијагностички методи преку скрининзи навреме ќе се откриваат и лекуваат болестите на црниот дроб. Тоа е целта на националната јавно-здравствена кампања за подигнување на свеста, превенција, рана дијагностика и елиминација на вирусните хепатити и црнодробниот карцином што се спроведува по повод 28 јули, Светски ден на борба против хепатитис. Околу 40.000 пациенти во државава се...

ЦУК: 15 пожари на отворен простор, девет активни и шест под контрола

Вкупно 15 пожари на отворен простор се регистрирани до 12:30 часот денеска. Од нив девет се активни, а шест се ставени под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во Општина Василево, Радовиш и Берово: с. Нивичино, планината Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), Општина Прилеп: с. Бешиште, м.в. Бешишки...

Поради најавите за временските неприлики, концертот на Дамјан Пејчиновски се префрла во Центарот за кутлура „Григор Прличев“

Поради најавите за лошите временски услови во наредните денови проследени со краткотрајни поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер концертот на Дамјан Пејчиноски, кој е на 31 јули во рамките на музичкиот дел од програмата на „Охридско лето“, наместо во Предворјето на „Света Софија“ ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21:00 часот. Познатиот...