Празниците поминаа, ѓубриштата останаа
Традиционално, за Први мај граѓаните практикуваат да излезат во природа, каде што фамилијарно приготвуваат скара и се дружат. Во тој поглед не беше исклучок ниту Кичевско, каде што поголемиот број граѓани се одлучија првомајскиот излет да го поминат во СРЦ „Крушино“, манастирите „Свети Ѓорѓија“ и „Света Пречиста“, во крајбрежјето на Треска, а голем број млади престојуваа во родните села...
Паднатиот мост на Крива Река го раздели селото Довезенце на два дела
Селото Довезенце, кое се наоѓа на 25 километри од Куманово, во правецот кон Крива Паланка, и е во непосредна близина на селото Клечовце, во моментот има педесетина куќи, со околу двесте постојани жители, но во летните месеци поради 80-те викендички, во некои моменти, ја надминува бројката од 400 жители. Паднатиот мост на реката, поради својата специфика и местоположба, има...
Манастирот „Св. великомаченик Георгиј“ под Дервен зрачи со духовност
Според преданието, на местото каде што е изграден манастирот порано имало црквичка, направена од штици, со една икона. Најпрво била урната, оти се мислело дека е засолниште, но кога се видело дека е црковен објект повторно го изградиле
На околу тринаесет километри од Прилеп, кога се оди по стариот пат од градот кон Велес, во подножјето на Дервен се наоѓа...
Јункер: Не му судете на Маркс врз основа на злосторствата на неговите следбеници
Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека не би требало да му се суди на Карл Маркс врз основа на злосторствата кои децении по неговата смрт ги извршиле неговите следбеници.
- Маркс не е одговорен за злосторствата кои ги извршија неговите наводни наследници - изјави синоќа Јункер на церемонијата за одбележување на 200 години од раѓањето на Маркс...
Македонските народни песни Тито ги слушаше во најтешките моменти
„Почина другарот Тито“, беа зборовите што со растреперен глас ги соопштија телевизиските спикери на сите поранешни југословенски телевизии, фудбалскиот натпревар Хајдук - Црвена звезда беше прекинат, а светските медиуми ја пренесоа сликата со расплаканите фудбалери на теренот и публиката на трибините, која во еден глас ја пееше „Друже Тито, ми ти се кунемо“.
Да, почина другарот Тито, но тогаш не...
Издишува ли „балонот со оптимизам“
И по последната средба во Солун на министрите за надворешни работи на Грција и на Македонија, Никос Коѕијас и Никола Димитров, како дел од интензивните заложби на двете страни да најдат компромис за наметнатиот спор за името, по сѐ изгледа дека грчкото барање за ерга омнес, односно име за севкупна употреба, останува и понатаму да биде главен проблем т.е....
Гоце Делчев водел грижа и за бегалците од Македонија префрлени во Бугарија
„Нова Македонија“ во 1953 година објави дотогаш необјавено писмо на македонскиот револуционер
По повод 50-годишнината од смртта на Гоце Делчев, „Нова Македонија“ објави три дотогаш необјавени писма што македонскиот револуционер ги испратил во 1902 година до пограничниот началник на Организацијата во Л’џане, Иван Белешков, кој се занимавал со набавување пушки, криење четници, префрлање по каналот за Пиринска и Егејска Македонија...
Како да се донесе Европа во Македонија
На кој начин Европа ќе пристигне во Македонија е дилемата што е актуелна во домашната јавност во пресрет на 9 Мај, Денот на Европа, и неколку дена по изјавата на премиерот Зоран Заев, дадена на неодамнешната прес-конференција по потпишувањето на меморандумот за соработка со Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили.
Премиерот Заев, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со...
Апсурдноста на грчкото ерга омнес
Грчкото барање за едно име за севкупна употреба или т.н. ерга омнес е бесмислено, ирационално и апсурдно во секоја смисла и спротивно на меѓународните правни прописи, но и етички стандарди
Преговорите што Р. Македонија ги во води со Р. Грција за наметнатиот спор за името на државата, според изјавите на преговарачите во медиумите се навлезени во некоја поинтензивна фаза. Се...
Трамп: Додека сум претседател ќе ги бранам правата на сопствениците на огнено оружје
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави пред членовите на Националното здружение на сопственици на огнено оружје (НРА) дека правата им се „под опсада", но тој ќе ги застапува се додека е претседател, пренесе ДПА.
На конференција на НРА во Далас, Тексас, Трамп повторно повика во училиштата да има вооружен персонал како начин за спречување престрелки, како онаа во Паркленд, Флорида,...







































