„Монсанто“ треба да плати 289 милиони долари на лице заболено од рак

Суд во Сан Франциско пресуди дека американскиот агрохемиски гигант „Монсанто“ треба да му плати отштета од 289 милиони долари на градинар заболен од рак, затоа „што не го информирал за ризиците од користење“ на неговиот хербицид „Раундап“. Судот оцени дека „Монсанто“ се однесувал „злонамерно“ и дека хербицидот „значително придонел“ за појава на болеста на градинарот Дивејн Џонсон. - Овој проблем е...

Видео: Пожар во реонот на хрватскиот град Омиш

Пожар избувна попладнево во реонот на хрватскиот приморски град Омиш, поради што во прекин е сообраќајот на дел од Јадранската магистрала. Силниот ветер продонесува за брзо ширење на пожарот кон запад, кон тешко пристапен терен. Огнот зафатил и две цистерни на Доброволното противпожарно друштво од Омиш, чии припадници дошле да го гасат пожарот. Во справувањето со пожарот на пожарникарите им помагаат и...

Земјотрес почувствуван во Македонија, епицентарот во Албанија

Земјотресот кој поладнево беше почуствуван во Македонија е со јачина од пет степени според Рихтеровата скала, а епицентарот е регистриран на 115 киломтери југозападно од Скопје во соседна Албанија, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Со најсилен интезитет во Македонија, односно со четири степени според Европската макросеизмичка скала бил почуствуван во Дебар и околината, во Охрид, Струга, Кичево и Гостивар...

Албанскиот принц Лека Зогу предлага обединување на Албанија и Косово

Националното единство би било идеално за Косово и за Албанија, изјави албанскиот принц Лека Зогу Втори во интервју за весникот „Диели“, предлагајќи нивно обединување во една монархија што би им „донела позитивни нешта на двете земји“. Принцот нагласува дека откако кралското семејство се вратило од егзил, нивната работа била да ги отстранат бариерите меѓу Албанците и да го промовираат обединувањето...

Авион со девет патници исчезна во Индонезија

Мал комерцијален авион во кој се наоѓале девет лица, денеска исчезна во планискиот регион на источната индонезиска провинција Папуа. Авионот од типот „Пилатус ПЦ-6“ исчезнал од радарите во округот Бовен Дигул во близина на границата меѓу Индонезија и Папуа Нова Гвинеја, непосредно пред слетувањето. Според индонезиските власти, во авионот се наоѓале двајца пилоти и седум партници, од кои едно дете. Во тек...

Протест на производителите на сливи од Радовиш

Производители на сливи од Радовиш незадоволни од ниските откупни цени денес го блокираа патот Радовиш-Струмица. Велат дека целосно е запрен откупот на сливите на откупните пунктови во селата. - Ниту еден откупен пункт не работи. Решението го гледаме во ресорното Министерство да преземе мерки за да се интензивира откупот во наредниот период, односно да се реализира вчера договореното со претставник...

Уште една жртва на пожарот во Атика

Едно лице кое се здобило со изгореници при минатомесечниот голем пожар во грчкиот регион Атика им подлегна на повредите, со што бројот на жртвите од огнената стихија се искачи на 94. Според податоците на медицинските служби, досега в болница на здобиените повреди при пожарот им подлегнале 11 лица, а над 30 и натаму се хоспитализирани. Минатата недела грчкиот Генерален секретаријат за...

ФФМ: Досегашните испитувања не покажуваат знаци за труење со храна кај децата од Академијата

Фудбалската федерација на Македонија во врска со случајот поврзан со Академијата на ФФМ ги доби резултатите од лабораториските испитувања во медицинската установа „Неуро медика“ според кои седумте деца кои побарале лекарска помош немале труење од храна. - Лабараториските испитувања кај сите фудбалери се во граници на нормални вредности. Сите фудбалери се во добра општа состојба и полно здравје. Резултатите од...

Ердоган: Турција би можела да почне да бара нови сојузници

Односите меѓу Турција и САД не може да бидат „асиметрични“ и ако Вашингтон не ја промени својата политика, Анкара би можела да почне да бара нови сојузници, порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Во авторски текст во „Њујорк Тајмс“ под наслов „Како Турција гледа на кризата со САД“, Ердоган предупредува дека „едностраните мерки против Турција од страна на САД, кои...

Локална кампања за еднакви права на Ромите во Кичево

Во рамките на проектот „Од акција до еднакви права на Ромите“ имплементиран од страна на Асоцијацијата за демократски развој на Ромите-Тетово, во партнерство со групата за малцински права од Лондон, Здружението за развој и интеграција на млади Роми и Ромки „Преродба“ од Кичево, денес пред платото на хотел „Арабела“ организира локална кампања. - На денешната кампања беше промовирана ромската култура...