Мундијалите ја популаризираа размената на дресовите
По првата размена на дресовите во 1931 година, пошироката јавност овој чин го виде
на СП 1954, а по Мундијалот во 1970 година стана симбол на пријателството, уважувањето, почитта на актерите на теренот, откако светот го обиколија фотографиите на размената проследена со искрен пријателски разговор помеѓу Пеле и Мур
Размената на дресовите помеѓу фудбалерите по завршување на натпреварите денес е вообичаена...
Асгар Фархади е претседател на жирито во Сараево
Организаторите на 24-от „Сараево филм фестивал“ објавија дека еден од најзначајните филмски творци на денешницата, двократниот оскаровец Асгар Фархади, ирански режисер и сценарист, ќе претседава со жирито на натпреварувачката програма на игран филм. Годинашниот филмски фестивал во Сараево ќе се одржи од 10 до 17 август.
Публиката на фестивалот во рамките на програмата „Опен еар“ ќе има можност да го...
Театарот ме плени од првиот момент
Петар Арсовски е актер без кој е апсолутно незамисливо да се зборува за македонскиот современ театар. Даровит, работлив, посветен тој умее да се фати во костец со секој доверен нов лик.
Што значи наградата за животно дело за вас, особено што е доделена од Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“?
Колку и да е клише сепак значи. Препорачувам да има повеќе награди...
Да се твори е вистинско задоволство
За долгогодишното искуство и фанатичната посветеност во создавањето на музиката, особено во театарот, композиторот Љупчо Константинов е исто така добитник на наградата за животно дело на 53. МТФ „Војдан Чернодрински“. Тој е човек што постојано е во потрага по креативното, убавото, по оние тајни музички тонови и варијации што ја хранат и возвишуваат човековата природа. Константинов се вбројува во...
Етно-збирка од непроценлива вредност во Бабино
Во куќата на Стево Степановски се изложени околу 120 предмети
Иако денес во селото Бабино има само тројца постојани жители, сепак, со помош на вредните раце и инвентивноста на Стево Степановски и неговите претходници, во неговата куќа на едно место е зачувано целокупното етнолошко богатство на демирхисарскиот крај. Во куќата во една соба се сместени околу 120 предмети што ги...
Промоција на „Одбројување“ во Битола
Романот „Одбројување“ на Фросина Пармаковска, добитничка на наградата „Роман на годината“ за 2017 година, ќе биде промовиран денеска во присуство на авторката, со почеток во 12.30 часот, во националната установа универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола.
Издавач на романот е „Или-или“, а книжевната награда „Роман на годината“, која од 1999 година ја доделуваше згаснатиот „Утрински весник“, годинава првпат ја...
Роберт Индијана – креатор на најпознатата скулптура на светот
Работел и како театарски сценограф и костимограф. Бил ѕвезда на Ворхоловиот филм „Јади“ (1964 г.) на кој 45 минути јаде една печурка, а една година претходно Ворхол го направил четириминутниот нем филм „Боб Индијана Етц.“
ЉУБОВ: Американскиот уметник на поп-артот, Роберт Индијана, најпознат по својата серија скулптури направени од буквите ЛОВЕ (љубов) почина неодамна во својот дом во близината на...
ПИСМО (1)
Актерот Петар Арсовски и композиторот Љупчо Константинов, за својата предадена работа во театарот, добија награди за животно дело на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“
Драги наш сине,
Се надевам дека вака обемното писмо пријатно ќе те изненади, иако ќе бев многу порадосна да го прославиме роденденот заедно со тебе. Страшно ми е мака што моето планирано доаѓање не се оствари. Ретко...
СП 2018 ќе и донесе на ФИФА рекордни 6,1 милијарди долари
Одржувањето на Светското првенство во 2018 година ќе и донесе на ФИФА 6,1 милијарди долари, што е за 10 отсто повеќе од предвиденото.
Исто така, оваа сума изнесува 1,3 милијарди повеќе отколку што се заработи на Светското првенство 2014, објави „Њујорк тајмс“.
Приходите од продажба на права на емитување се зголемени за два проценти.
Исто така, Светската фудбалска федерација ќе добие 200...
Санкционирани 91 возач за брзо возење
Пет лица се полесно, а две потешко повредени во вкупно девет сообраќајни несреќи регистрирани во изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје.
Сообраќајната полиција санкционирала 91 возач кои се движеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај исклучила вкупно девет возачи, од кои двајца што управувале возило под дејство на алкохол и седум возачи кои возеле пред да...








































