Протест пред Собрание против промената на уставното име

Околу 2.000 демонстранти се наоѓаат вечерва пред зградата на македонското собрание, во знак на протест против договорот за промена на името на државата. Извикувајќи „Македонија, Македонија“ и „предавници“, насобраните граѓани се противат на најавите за промена на уставното име на државата, а воедно бараат оставка од Владата. Нема информации кој стои зад организацијата на протестот, а повикот за собирање пред Собрание...

Министерот за култура на Шпанија поднесе оставка оти неплаќал данок

Шпанскиот министер за култура Максим Уерта денеска поднесе оставка на функцијата, на која беше именуван пред недела дена, откако медиуми објавија дека избегнувал плаќање на данок додека работел како телевизиски новинар пред 10 години. Според весникот „Конфиденсиал“, Уерта минатата година бил осуден и требал да плати 243,000 евра за измама во периодот 2006-2008 година, кога работел како телевизиски презентер. ...

Грчките медиуми го објавија договорот

Грчкиот весник „Катимерини“ попладнево објави документ, за кој тврди дека е договорот меѓу Македонија и Грција. Во текстот се наведува дека името „Република Северна Македонија“ ќе се користи за севкупна употреба – „ерга омнес“, нацоналноста е македонска/граѓани на Република Северна Македонија, додека јазикот е македонски. Содржина на договорот

На Лопушник одбележани 75 години од смртта на Кочо Рацин

Седумдесет и пет годишнината од смртта на големиот поет и револуционер Коста Солев Рацин, денес беше одбележана на планината Лопушник. Од страна на делегации на родниот град Велес, Кичево и други градови, беше посетено спомен обележјето на планината Лопушник и месноста Јама, каде пред 75 години, во тоа јунско саботно попладне под сè уште нерајаснети околности,...

Туск-Столтенберг: Да не се пропушти шансата што ја дава договорот за името

Во заедничко соопштение шефовите на ЕУ и НАТО ги поздравија напорите на премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, за постигнување договор за спорот за името. - Се надеваме дека оваа уникатна прилика да се релансира европската и евоатлантската иднина на поширокиот регион на Западниот Балкан нема да биде пропуштена. Овој договор претставува пример за другите како...

Македонија преку Романија обезбеди пласман на СП во ракомет

Македонската ракометна репрезентација во реванш натпревар од баражот на гостувањето во Клуж загуби од Романија со 26:25, но благодарение на убедливата победа на првиот дуел во Скопје на кој славеше со 32:24, обезбеди шесто учество на мундијалите. Натпреварот почна со водство на Романците од 1:0, а потоа следуваше серија од 0:4 за македонските ракометари. По петнаесет минути игра Македонија имаше водство...

Влада на РМ: Иванов не ја гледа перспективата што се отвора пред државата

Владата на Република Македонија со жалење констатира дека претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање до јавноста не успеа да се издигне над сопствената немоќ и да ја види перспективата што се отвора пред нашата држава со договорот што овие денови го финализираа и го договорија владите на Република Македонија и на Република Грција, наведува Владата на РМ во реакција...

Грузискиот премиер поднесе оставка

Грузискиот премиер Гиорги Квирикашвили денеска поднесе оставка, поради несогласувања со лидерот на владејачката партија Грузиски сон, Бидзина Иванишвили, кој е поранешен премиер и најбогат човек во Грузија. - Решив да се повлечам од местото премиер на Грузија - изјави Квирикашвили, кој ја извршуваше функцијата од 30 декември 2015 година. Тој посочи дека причина за оставката се „некои несогласувања“ со Иванишвили. - Мислам...

Хан: Иванов да преземе одговорност за процесот за договорот со Грција

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан го повикува претседателот Ѓорге Иванов да преземе одговорност за процесот за договорот со Грција. - Не е соодветно за претседател на држава, да одбие да разговара со премиер, со министер за надворешни, за да добие информации од прва рака. Мислам дека премиерот и министерот за надворешни целосно ги почитуваа уставните насоки и...

Коѕијас: Не одам на одмор додека не ги решам споровите со Албанија

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас денеска најави нова офанзива околу нерешените прашања со Албанија, нагласувајќи дека нема да замине на одмор без да ги реши овие прашања. - Набрзо ќе ги решиме проблемите со Албанија. Се наоѓаме во процес на решавање на проблемите кои постојат 70 години. Нема да одам на одмор без да ги решам - изјави Коѕијас...