Хан: Иванов да преземе одговорност за процесот за договорот со Грција
Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан го повикува претседателот Ѓорге Иванов да преземе одговорност за процесот за договорот со Грција.
- Не е соодветно за претседател на држава, да одбие да разговара со премиер, со министер за надворешни, за да добие информации од прва рака. Мислам дека премиерот и министерот за надворешни целосно ги почитуваа уставните насоки и...
Коѕијас: Не одам на одмор додека не ги решам споровите со Албанија
Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас денеска најави нова офанзива околу нерешените прашања со Албанија, нагласувајќи дека нема да замине на одмор без да ги реши овие прашања.
- Набрзо ќе ги решиме проблемите со Албанија. Се наоѓаме во процес на решавање на проблемите кои постојат 70 години. Нема да одам на одмор без да ги решам - изјави Коѕијас...
Лавров: Русија е подготвена да доставува гас за ЕУ преку „Турскиот поток“
Русија е подготвена да доставува гас на територијата на ЕУ преку „Турскиот поток“, но, за тоа се неопходни гаранции од европските власти, особено од Европската Комисија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на заедничката прес-конференција во Москва со неговиот грчки колега Никос Коѕијас.
- За Западен Балкан може да претставува интерес уште еден нов проект - „Турскиот поток“....
„Тесла“ ќе отпушти околу 4.000 работници
Производителот на електрични автомобили „Тесла“ соопшти дека ќе отпушти девет проценти од работниците за да се подобри профитабилноста, тврдејќи дека отказите нема да влијаат на најавеното интензивирано производство на новиот Модел 3.
- Отказите се составен дел од планот за реструктуирање кој треба да се однесува на вишокот вработени во одредени области на деловното работење во врска со брзиот раст...
Иванов: Нема да легализирам политички дивоградби
Претседателот Ѓорге Иванов денеска во обраќањето до јавноста рече дека за него постигнатиот договор со Грција е неприфатлив и нема да го поддржи.
Претседателот Ѓорге Иванов денеска оцени дека договорот со Грција е штетен за Република Македонија, дека е лична одлука и одговорност на премиерот Зоран Заев и министерот Никола Димитров и дека нема да го потпише.
Во ТВ-обраќање до...
Столтенберг: Прво финализирање на договорот, потоа покана за членство во НАТО
НАТО веќе има донесено одлука дека Македонија ќе добие покана за членство, откако ќе го реши спорот за името со Грција и таа одлука е донесена на Самитот во Букурешт во 2008 година, а сега откако договорот е постигнат, поканата ќе пристигне кога ќе биде финализиран во двете земји.
Ова го порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска во...
Коѕијас: Го решивме спорот со името со Северна Македонија
На прес конференцијата за медиумите во Москва, по средбата со министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас одговарајќи на новинарско прашање за името го искористи новото договорено име „Северна Македонија“.
Коѕијас рече дека во регионот постои култура луѓето да се караат за имиња.
- Надворешната политика на нашата влада е активна, демократска и повеќедимензионална....
Курц: Македонија има шанси да се приклучи кон ЕУ
Македонија има шанси да се приклучи кон ЕУ, откако вчера Скопје и Атина постигнаа договор за решавање на спорот за името, изјави денеска во Берлин австрискиот канцелар Себастијан Курц.
Курц нагласи дека гледа јасна перспектива за целиот регион на Западен Балкан и за Македонија како членка на ЕУ.
На заедничка прес-конференција со германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер, ...
Мицкоски: Договорот со Грција е капитулација на Република Македонија
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски попладнево во Владата имаше куса средба со премиерот Зоран Заев кој му го предал договорот за решение за спорот за името.
По средбата Мицкоски изјави дека тој и Заев имале куса средба затоа што, како што кажа, целокупната тема била исцрпена во текот на вчерашниот ден и тој немал што да додаде повеќе од она...
Нов веб портал за компаниите полесно да го усогласат работењето со законската регулатива
Од денеска на компаниите им е достапен нов агрегатен веб портал на кој ќе може да се информираат за бизнис регулативата во Македонија и да го усогласат своето работење со законските прописи.
Веб порталот www.biznisregulativa.mk е продукт на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, имплементиран од ЕПИ Центарот во соработка со четирите стопански комори.
Според Едвард Гонзалез, директор на...








































