Од осумте наследени арбитражни спорови, Владата заврши три со 516 милиони евра заштеди во Буџетот, вели Митева

Владата од наследените осум активни арбитражни постапки, со одговорен и ефикасен однос успешно заврши три во полза на Македонија со што е направена заштеда на Буџетот од 516 милиони евра, информираше денеска владината портпаролка Марија Митева. Покрај добиениот арбитражен спор со дел од инвеститорите од рудникот „Казандол“ во Валандово со што се заштедени 115 милони евра, за кој Владата соопшти...

Маск се откажува од плановите за нова политичка партија, објави „Волстрит џурнал“

Милијардерот Илон Маск „тивко“ се повлече од идејата за основање нова политичка партија во САД, објави Волстрит џурнал, повикувајќи се на извори блиски до него. Маск наводно им рекол на соработниците дека сака повторно да се фокусира на компаниите, а истовремено да не ги наруши односите со потпретседателот Џеј Ди Венс – негов важен политички сојузник. Идејата за „Американска партија“ Маск...

Спречен обид за криумчарење 4.577 парчиња небезбедни лекови на ГП „Богородица“

Царинските службеници на граничниот премин Богородица спречија обид за криумчарење на 4.577 парчиња небезбедни лекови, скриени во багажниот простор на изнајмено возило управувано од косовски државјанин. По извршената контрола, Одделението за истраги при Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“. -Станува збор за аналгетици, анестетици и антиалергиски раствори во стаклени вијали, кои биле во рефузна состојба, односно...

Најмалку 76 загинати во судар на автобус во Авганистан

Најмалку 76 лица, меѓу кои и деца, загинаа во западен Авганистан кога патнички автобус што превезувал репатрирани мигранти од Иран се судри со камион и мотоцикл, јавија државните медиуми. По силниот удар, автобусот се запалил. Несреќата се случила доцна синоќа на автопатот Херат–Ислам Кала во провинцијата Херат. Локалните привремени талибански власти потврдија дека загинале 76 патници, а тројца повредени се пренесени во...

Во јуни исплатени над 830 милиони денари за изградба на автопатите на коридорите 8 и 10д

Конзорциумот „Бехтел“ и Енка“, изведувач на автопатските делници на коридорите 8 и 10д (Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола) во јуни продолжил да извршува претежно работи за геотехнички истражни работи, дизајн и спецификации на автопат, дизајн на експропријација,  активности за истрага на неексплодирани убојни средства, работи за привремено управување со сообраќајот и работи за мобилизација, како и градежни активности главно за...

Со изложба на Вахим Акан од Турција започна ликовната колонија „Михајлово-Кавадарци 2025“

Традиционалната 29-та по реед ликовна колонија „Михајлово-Кавадарци“ синоќа беше отворена во Музеј-галеријата во Кавадарци со изложбата на познатиот ликовен уметник од Турција Вахим Акин. Тој е еден од најбрројната група уметници од Турција кои учествуваа на годинашната ликовна колонија кои почнувајќи од денес па се до 24 август ќе создаваат ликовни дела инспирирани од топлата Тиквешија и гостопримството на кавадарчани. - Вахим Аким...

Истече рокот за плаќање на месечните обврски за јули, од УЈП велат утврдени голем број неплатени обврски

По истекот на законскиот рок за плаќање на месечните аконтации за данок на добивка и исплатата на јулските плати со придонеси, утврдени се значителен број на неплатени обврски, соопшти Управата за јавни приходи. - Од 2.129 даночни обврзници не е извршено плаќањето на месечната аконтација за данок на добивка за јули 2025 година, а кај 11.555 обврзници не е евидентирана...

Најдобра храна за детоксикација на црниот дроб

Здрава храна Црниот дроб е центар за детоксикација на целото тело, извршувајќи повеќе од 500 витални функции, а неговото правилно функционирање е најмногу под влијание на храната што ја јадеме секој ден. Истражувачите на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ наведуваат дека, покрај храната, која игра сè поважна улога, и она што го пиете е важно за црниот дроб, а за да функционира...

Скаменет „корал“ откриен на Марс

Иако на Марс нема мориња или океани, роверот „Кјуриосити“ на НАСА повторно нè потсетува колку Црвената Планета може да нè изненади со своите форми и формации. Најновите слики што ги испрати од кратерот Гејл откриваат карпа што изгледа како корал од длабочините на океаните на Земјата, глетка што ја разгорува имагинацијата и поставува прашања за древното минато на планетата. Невообичаениот...

Вештачката интелигенција дизајнира нови антибиотици

Научниците низ светот сè повеќе се свртуваат кон вештачката интелигенција за да најдат решенија за еден од најголемите медицински предизвици денес - бактерии отпорни на антибиотици. Како што објавува Би-би-си, истражувачки тимови од САД и Канада веќе користеле вештачка интелигенција за да дизајнираат сосема нови потенцијални лекови што би можеле да спасат милиони животи. Тим од Масачусетскиот институт за технологија...