Уставен добил писмо од Гаши, во кое се бара да биде информиран во која фаза е постапката за измените на Кривичниот законик

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски информира дека Уставниот суд добил писмо од спикерот на Собранието, во кое се бара од предлагачот на законот (Владата) да го информира во која фаза е постапката за Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Костадиновкси нагласи дека предметот е пресериозен и Уставниот суд е должен да ги цени сите околности, и да...

Мицкоски го посети логистичкиот центар на „Лидл“ во Куманово

Mickoski Lidl Kumanovo
Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети Регионалниот дистрибутивен центар на Лидл во Речица, Куманово, кој е во завршна фаза на изградба и се очекува да отпочне со работа во пролет 2026 година. Инвестицијата е вредна 115 милиони евра, ќе овозможи отворање на 230 нови работни места, а во изградбата Лидл соработува со над 75 македонски компании. Покрај премиерот Мицкоски на настанот...

МЖСПП: Квалитетот на амбиентниот воздух во Трубарево е во рамки на дозволените граници

Квалитетот на амбиентниот воздух во Трубарево е во рамки на дозволените граници, инфомираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, преку податоците добиени од автоматските мерни станици на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Во соопштението е наведено дека досегашните мерења покажале дека просечните вредности за концентрација на PM10 честички се во рамки на дозволеното, како и дека досега не...

Обвинение за Мерко за злоупотреби при осветлувањето на коритото на Црн Дрим

Основното јавно обвинителство Струга денеска поднесе обвинителен предлог против струшкиот градоначалник Рамис Мерко за склучен договор за осветлување на дел од речното корито на Црн Дрим, без водостопанска согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање. - Осомничениот, во временскиот период од 01.04.2021 до 27.06.2022 година, како службено лице – градоначалник на Општина Струга, ги пречекорил границите на своите...

Мицкоски: Околу 12 милиони евра вложуваме во Куманово за инфраструктурни проекти

За Куманово од централниот буџет одвоени се околу 12 милиони евра, соопшти денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој заедно со министри, пратеници и со градоначалникот на Куманово, ја посети „Соколана“. - Од централниот буџет, мислам дека се финансирани проекти во вкупна вредност од 11 до 12 милиони евра овде во Куманово. Мислам дека е значајно, бидејќи досега такво нешто...

Костадиновски: Одлуката на ДИК да оди со два потписи претставува и имплементација на одлуката на Уставниот суд

Уставниот суд имаше плодна, конструктивна и на моменти оштра расправа во поглед на предметот на Правилникот на ДИК и заклучокот на мнозинството судии е дека нема да поведе постапка за уставноста и законитоста, информираше Претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски, појаснувајќи дека оценка на мнозинството судии на Уставниот суд е дека Правилникот на ДИК има своја и уставна втемеленост...

Владата ќе обезбеди 700.000 евра за реконструкцијата на најстариот спортски комплекс во Куманово „Соколана“

Владата ќе одвои 700.000 евра за реконструкција на кумановска „Соколана“, информираше денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој заедно со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, министри, пратеници го посети најстариот спортски комплекс во градот. Објектот ќе го задржи автентичниот изглед. - Сакам да изразам задоволство што сум еве денеска заедно со градоначалникот овде во Куманово, да честитам за сето она...

Кашиковски: СУТКОЗ го реши проблемот со неисплата на плати во Паркови и зеленило, Флораком и Луна

Вработените во повеќе јавни комунални и водоснабдителни претпријатија се соочуваат со ниски плати и нивна нередовна исплата, неисплаќање на регрес за годишен одмор, немањето на работна и заштитна опрема, истакна денеска на прес-конференција претседателот на СУТКОЗ Стојанче Кашиковски. Нагласи дека во повеќе јавни комунални и водоснабдителни претпријатија, СУТКОЗ како единствен репрезентативен синдикат за секторот снабдување со вода, отпадни води, управување...

Мицкоски: За дел од трговците има постапки пред институциите, девијантното однесување ќе се сведе на минимум

Премиерот Христија Мицкоски соопшти дека веќе има постапки за дел од трговците поради состојбата со цените на храната и оти е убеден дека, како што изјави денеска,  девијантното однесување кај синџирите-маркети ќе се сведе на минимум. На новинарско прашање за индексите на цените во земјоделството во август годинава Мицкоски наведе дека трошоците за импут во создавањето на земјоделскиот производ  се...

Заштеда од околу 3.000 денари за двајца ученици, покажуваат привичните податоци од мерката „училишна кошничка“

Заврши мерката „училишната кошничка“, заштедата за двајца ученици е околу 3.000 денари, соопшти денеска од Куманово, заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој најави дека во петок ќе достават известување до Владата со конечните сознанија за мерката. „Училишната кошничка“ како мерка почна од 15 август и траеше до 15 септември, годинава. - Мерката беше одлична можност за сите ученици...