Судењето за пожарот во „Пулс“ во Кочани почнува на 19 ноември
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени, ќе почне на 19 ноември годинава во судницата во КПУ Идризово, соопшти Основниот кривичен суд - Скопје.
Предметот, кој се води под број К.бр. 1872/25, првично беше поднесен од Основното јавно обвинителство Кочани, а потоа со решение на Јавниот обвинител...
Со оваа изложба јас не нудам само визуелно искуство – јас повикувам на дијалог
Изложба на цртежи од Лоран Куфало во КИЦ
Културно-информативниот центар – Скопје поканува на отворањето на изложбата на цртежи од ликовниот уметник Лоран Куфало насловена „Муабет со портретот и актот преку цртежот“ денеска, во 20 часот, во Културно-информативниот центар – Скопје, изложбен салон Империјал 1.
- За мене, цртежот е темелот и коренот на секоја креативна идеја. Тој е постар дури...
„Мајка“ на Теона Стругар Митевска во киносалите низ земјава
По својата успешна светска премиера, новиот филм на Теона Стругар Митевска, „Мајка“, од денеска ќе започне да се прикажува во сите кина низ Македонија. Публиката во земјава конечно ќе има можност да го погледне долгоочекуваното остварување, кое носи длабока инспиративна приказна заснована врз животот на Мајка Тереза.
Филмот претставува интимен портрет на една од највлијателните хуманитарки на 20 век, фокусирајќи...
Моделите направени со вештачка интелигенција форсираат нереални стандарди за женската убавина
Дигиталните беспрекорни женски модели создадени со вештачка интелигенција стануваат сè почести, што за многумина е повод за анализа и критика. ВИ-моделите можат да имаат влијание на тоа како жените се гледаат себеси и како ги гледаат другите. Тие можат да понудат нови можности за изразување и истражување на женската убавина, но исто така и да создадат голем број предизвици...
Што е еСИМ – што ни носи виртуелната картичка
Техно
Технологијата еСИМ, односно виртуелните СИМ-картички, кои им овозможуваат на корисниците да активираат мобилни тарифни пакети без потреба од физичка картичка, ќе бидат сè поприсутни на пазарот, а германската агенција „Роланд Бергер“ прогнозира дека до 2027 година околу 75 проценти од корисниците на паметни телефони ќе користат еСИМ. Виртуелниот еСИМ е присутен на пазарот околу шест години, првично како дополнување...
За првпат во Прилеп фестивал на рана музика
Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп денеска и утре за првпат го организира фестивалот на рана музика „Дулчија сонант“. Фестивалот започнува денеска, од 20 часот, во киното „Мис Стон“, со концерт на хорска црковна музика. Ќе настапат црковниот клирос „Пелагонитиса“ и црковниот хор „Света Петка“. Во првиот дел од концертот ќе има источно црковно пеење, а во вториот...
Мирис што го зајакнува мозокот
Можеме ли со користење парфем да го подмладиме и да го зајакнеме нашиот мозок? Најновите истражувања на научниците од Јапонија покажуваат дека тоа е можно. Досега мирисите главно биле поврзувани со расположението, сеќавањата и когнитивните перформанси, но новото истражување сугерира дека континуираното вдишување еден посебен мирис - мирисот на масло од рози - може да ја зголеми сивата маса...
Месечината се оддалечува, што можеме да очекуваме
Научниците го мерат растојанието до Месечината снимајќи ја рефлексијата на ласерите од огледалата што ги поставиле таму вселенските сонди и астронаутите. Мерејќи го времето што е потребно за светлината да патува до Месечината и назад, научниците можат многу прецизно да го измерат растојанието до Месечината и како тоа растојание се менува. Растојанието всушност се менува во текот на еден...
Осврт за 34-то издание на „Интерфест“ – Битола
Џанлука Луизи предизвика вознес кај битолската публика со маестралната интерпретација на Шопеновата музика
Заврши 34-то издание на „Интерфест“ - Битола. Фестивалот беше отворен со музиката на Карл Орф, кантатата „Катули Кармина“, во изведба на најстариот македонски мешан хор „Стив Наумов“ и Камерниот оркестар на Битола. Возбудливото дело инспирирано од поемите на римскиот поет Катулус беше донесено со жар, со...
Путин и Алиев си пружија рака на добрососедство на лидерскиот состанок на Заедницата на независни држави
Нов обид на рускиот и азербејџанскиот претседател да ги вратат
меѓудржавните односи на старите добрососедски патеки
Рускиот и азербејџанскиот претседател Владимир Путин и Илхам Алиев повторно ќе се обидат да ги вратат меѓудржавните односи на старите добрососедски патеки. Имено, тие си пружија рака, па дури и „се прегрнаа“ за време на неформалниот состанок на лидерите на ЗНД (Заедница на независни држави)...







































