Орбан разговарал со Трамп, во тек се подготовки за средба меѓу американскиот претседател и Путин

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп и дека се во тек подготовки за средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин за прекин на војната во Украина. - Тукушто го завршив телефонскиот разговор со претседателот Доналд Трамп. Подготовките за мировниот самит САД-Русија се во тек. Унгарија е остров на мирот! - напиша Орбан на...

Зеленски се надева дека моментумот што доведе до мир на Блискиот Исток ќе помогне да заврши војната меѓу Русија и Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази надеж дека моментумот што доведе до крајот на војната на Блискиот Исток ќе помогне да се заврши и војната на Русија против Украина. Зеленски оваа порака ја објави синоќа на мрежата X по слетувањето во Вашингтон, каде што денеска треба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп. - Утре е закажана средба со претседателот Трамп...

На полноќ почнува изборниот молк

Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални избори, што треба да се одржи в недела на 19 октомври. Политичките партии, независните кандидати и коалиции уште денеска имаат можност да се претстават себе си и своите визии и програми за локалните избори. Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кој ќе трае до завршувањето...

Мицкоски: СДСМ имаат само демагогија, трикови и подземни коалиции, а Венко во кампањата доби засилување од Заев

Програмата што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја нудат на овие локални избори е реална со рокови и мерки насочени кон потребите на граѓаните, за разлика од кампањата на опозицијата која се темели на демагогија, трикови и подземни коалиции, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обраќајќи на вечерашниот митинг одржан во општина Аеродром, во рамки на изборната кампања под слоганот „Вистинскиот...

Филипче: Ги боли што ја кажуваме вистината за нивните лаги со нивни зборови, тоа не е црна кампања

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва во Тема на денот на Сител Телевизија рече дека партијата чиј лидер е води фер и чесна кампања, иако од ВМРО-ДПМНЕ говорат поинаку. Филипче смета дека партијата на власт нема проекти за фалење, па затоа обвинува, а доказ за тоа се проектите на спотови пред 4 години кои, како што рече, до денес...

Додека јас сум премиер нема да има непринципиелен договор со Бугарија, вели Мицкоски

Тоа што го направи дипломатијата на свиткана кичма на СДСМ и на ДУИ, нас не доведе во оваа ситуација. Значи нешто што е со векови создавано, што луѓе се жртвувале, имале саможртва итн., тие успеаја за седум години да го распродадат, рече вечерва премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување на Канал 5 телевизија. Мицкоски нагласи дека додека...

Прилепската болница доби нова опрема вредна над 50 милиони денари

Прилепската болница со проширена дејност „Борка Талески“ доби нова опрема вредна над 50 милиони денари од Министерството за здравство, со што се зајакнуваат здравствените капацитети на установата. Поголем дел од опремата е за потребите на одделението за гинекологија и акушерство и опфаќа современи апарати и нови гинеколошки столови. - Првпат во Прилеп ќе се воведe лапароскопија и хистероскопија, што претставува...

Лекарска комора: Комисијата за етички прашања го разгледа случајот поврзан со д-р Кузмановски

Лекарската комора денеска соопшти дека Комисијата за етички и правни прашања, постапувајќи по случајот со видеоснимката објавена на социјалните медиуми во која е инволвиран веќе разрешениот директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, д-р Игор Кузмановски, упатува јавна морална осуда за настанот. Ова, посочуваат од Лекарската комора, се прави со цел да се заштити интегритетот и угледот на лекарската професија,...

Трипуновски: Пиперките не се вратени од Хрватска, а дали се македонски оставам да проверат службите

Црвените пиперки извезени во Хрватска кај кои беше утврдено присуство на пестицидот метомил не се вратени во Македонија, а дали се македонски оставам да проверат службите, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Трипуновски е дециден дека нашите фитосанитарни служби заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), прават контроли во текот на целата година. Државата, како...

Родителите на починатите во „Пулс“ привремено ги прекинуваат блокадите, очекуваат фер, транспарентно и непристрасно судење

Со соопштение до јавноста се обратија родителите и семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, веднаш откако Основниот кривичен суд од Скопје денеска објави дека судењето започнува на 19 ноември во судница во КПУ „Идризово“. Во пожарот во кочанската дискотека загинаа 63 лица, а над двестe завршија со тешки телесни повреди. Во врска со кривично-правниот...