Над 60 илјади лица досега пријавени за вакцинација, соопштија од Министерството за здравство
За вакцинација против сезонски грип се пријавени околу 60 илјади граѓани, а досега се вакцинирани над 8 илјади лица - информираат од Министерството за здравство.
Вакцинацијата, како што се наведува во соопштението, се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет се во Скопје. Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или преку матичниот лекар.
-Со бесплатната...
Европарламентот усвои нови правила за возачките дозволи во ЕУ
Европскиот парламент денеска ги поддржаа измените на правилата на ЕУ за возачки дозволи со кои, меѓу другото, се предвидува нивна важност од 15 години, две години пробен период за возачите почетници, воведување дигитални дозволи и намалување на возраста за стекнување законско право за управување со возила.
Според Европскиот парламент, ова ажурирање на правилата за возачки дозволи ќе придонесе за зголемување...
ОЈО – Скопје постапува во врска со евентуално кривично дело поврзано со состојбата со отпадот во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје веќе постапува и презема дејствија за обезбедување докази за евентуално кривично дело во врска со состојбата со отпадот во Скопје.
Како што информираат од ЈОРСМ, јавниот обвинител издал наредби до МВР и до други надлежни органи за итно постапување и проверки во однос на работењето на ЈП „Комунална хигиена“.
Доставени се барања до комуналните инспекциски служби да...
Владата го задолжи МВР во соработка со ДКИ, ДИЖС и ДСЗИ, ИЈЗ да отпочнат инспекциски надзор во Град Скопје и ЈП Комунална хигиена
Во врска со проблемот со собирање и транспортирање на комуналниот отпад на територијата на Град Скопје, Владата на денешната седница ги донесе следните заклучоци:
- Се задолжуваат Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје, во соработка со Министерството за внатрешни работи, согласно своите законски надлежности, веднаш да отпочнат со...
Нема конкретен термин за самитот Путин – Трамп, соопшти Кремљ
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека ниту рускиот ниту американскиот претседател не објавиле конкретен термин за одржување на средба.
- Ниту Владимир Путин, ниту Доналд Трамп, не објавија конкретен термин. И американската и руската страна изјавија дека ова може да потрае - посочи Песков, додавајќи оти подготовките за претседателската средба се сериозни.
Претходно, американски медиуми објавија дека е одложена...
Над 900 лица под пробациски мерки од затворите во земјава
Над 900 лица во моментов се под пробациски мерки, а системот има капацитет да опфати уште многу повеќе, беше истакнато пред работниот состанок на тема „Пробација и условен отпуст“, кој се одржува денеска во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во Скопје.
Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, посочи дека пробацијата во Македонија постои веќе...
Продолжен притворот на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за нови 30 дена
Судот го продолжил притворот на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за нови 30 дена, изјави бранителот на Нино Васев, адвокат Боби Спирковски, по денешното судење за случајот „Онкологија 2“, најавувајќи жалба на Апелација.
Апелација, нагласи Спирковски, е таа што треба да го реши овој случај, бидејќи Апелација и го одреди притворот, потсетувајќи дека првостепениот суд првично го...
Франција прогласи високо ниво на тревога поради птичји грип
Француските власти го зголемија нивото на тревога поради ширење на птичји грип од средно на високо, и побараа од живинарските фарми низ целата земја да ја чуваат живината во затворен простор, предупредувајќи дека Европа се соочува со сезонска епидемија на болеста.
- Уредбата со која се наредува зголемување на нивото на тревога од средно на високо е издадена по докази...
Вработените во ЈП „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ на протест поради неисплатена септемвриска плата
Веќе втор ден вработените во Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и фирмите-ќерки ДООЕЛ „Флораком“ и ДООЕЛ „Луна“ своето незадоволство поради неисплатената септемвриска плата го искажуваат со протест, блокирајќи ги двата влеза во ова претпријатие. Најавуваат дека ќе протестираат до петок, од 9 до 11 часот, со блокирање на двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје.
Претседателот на Синдикатот...
„Онкологија 2“: Сослушани поранешни членови на УО на Клиниката за онкологија
Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, кои биле членови на Управниот одбор на Клиниката за онкологија од 2018 до 2024 година, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за „Онкологија 2“, кој се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски...





































