Да го продолжиме револуционерен пат со ум, знаење и реформи, порача Силјановска Давкова
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, упати честитка до граѓаните со порака да го продолжиме револуционерен пат, не со оружје, туку со револуционерен ум, револуционерно знаење и со револуционерни реформи.
-Ви го честитам 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, кога гордо се потсетуваме на грандиозната историска улога на македонската револуционерна организација, врз...
23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба
Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.
Кулминација на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија.
Основите на Организацијата...
Најмалку девет мртви и пет повредени лица во експлозија во фабрика за оружје во рускиот град Копејск
Најмалку девет лица загинаа, а петмина други се повредени во експлозија во фабрика во рускиот град Копејск во регионот на Урал - објавија утринава руските државни медиуми, повикувајќи се на гувернерот на Чељабинск, Алексеј Текслер.
- Извештаите дека дрон ја погодил фабриката првично не можеа да бидат потврдени - пренесува ДПА.
Во својата објава на „Телеграм“, Текслер не прецизираше за каков...
Саркози во затворот Ла Санте добил смртни закани
Поранешниот француски претседател Никола Саркози добил смртни закани од друг затвореник во парискиот затвор Ла Санте, каде во вторникот започна да ја отслужува својата петгодишна затворска казна - соопшти канцеларијата на јавниот обвинител во Париз, додавајќи дека е отворена истрага.
- На 22 октомври 2025 година, директорот на затворот Ла Санте го извести обвинителството во Париз за видео кое било...
Идеалите од минатото како водилка и денес Младоста отсекогаш била најодговорна на слободољубивите идеи
Празнувањето на 23 Октомври како повод за пренесување на определбите на Христо Татарчев:
Како еден од водачите на Македонската револуционерна организација, Татарчев ја застапувал идејата за самостојна внатрешна македонска организација што ќе ги претставува интересите на населението и ќе се бори за автономија на Македонија под слоганот „Македонија за Македонците“. Во целост ви го пренесуваме неговиот текст напишан во...
Трамп ја откажа средбата со Путин
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ја откажал очекуваната средба со рускиот претседател, Владимир Путин.
- Едноставно не ми се чинеше исправно. Не чувствував дека ќе стигнеме таму каде што требаше - па затоа откажав, но ќе го направиме тоа во иднина - изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба на Белата куќа, пренесе ДПА.
Кога го прашаа дали мисли дека...
Дете каснато од глушец во Капиштец, д-р Пановски предупредува на наезда од глодари поради ѓубрето
Десетгодишно дете било каснато од глушец на игралиште во скопската населба Капиштец, додека си играло со други деца, објави телевизија „Сител“.
На детето му била раскрвавена раката. Телевизијата објави и лекарски извештај за каснувањето. Според телевизијата, детето било каснато од глодарот среде игралиште.
Инцидентот се случува во време кога Скопје се соочува со криза со подигањето на ѓубрето, а јавното претпријатие...
Израел го отфрли советодавното мислење на МСП за Појасот Газа
Израел „категорично го отфрла“ советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата (МСП) дека земјата мора да го олесни доставувањето помош за Газа во согласност со меѓународното право, изјави денеска портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи, Орен Марморштајн. .
Мислењето на највисокиот советодавен суд на ОН е „уште еден политички обид за наметнување политички мерки против Израел под маската на...
Определен привор на шест лица за случајот со Прилепската болница
Во случајот со Прилепската болница, судот им определи притвор до 30 дена на шест лица, на 19 мерка за претпазливост, а на седум фирми забрана за учество во постапки за јавни набавки, потврди за МИА претседателката на прилепскиот Основен суд Јасмина Шишковска.
Од шесте лица, четворица се од болницата, дел од поранешното раководство, а две лица се надворешни. Четворица од...
Мицкоски и Страмер разговарале за продлабочување на билатералната соработка
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска во Лондон се сретна со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Страмер.
- Во рамките на посетата на Самитот за Западен Балкан, остварив средба со британскиот премиер, г. Кир Стармер. На средбата разговаравме за продлабочување на билатералната соработка и поддршката на Обединетото Кралство на земјите од регионот. Главата цел е Берлинскиот процес, односно средбите на...







































