Почнува дистрибуцијата на гласачките ливчиња, в недела ќе се гласа во 32 општини и Скопје
Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола утрово ќе започне дистрибуцијата на 1.013.357 избирачки ливчиња за гласањето на вториот круг на Локалните избори 2025, информираат за МИА од Државната изборна комисија (ДИК). Ќе се бираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Во сабота гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор чии пријави се прифатени од...
Накитот од Лувр сè уште не е пронајден – осомничените делумно признаа вина
Двајцата мажи уапсени во врска со грабежот во Лувр пред две недели делумно признале вмешаност во кражбата на францусиот кралски накити, соопштија француските обвинители.
Осомничените, двајцата во триесеттите години, се сомничат дека се дел од групата која со електрични алати провалила во Галеријата Аполон и украде накит вреден околу 88 милиони евра.
Париската обвинителка Лор Бекио изјави дека накитот сè уште...
Преполна сала, стоечки овации: Виена на нозе со огромен аплауз за македонската Филхармонија
Македонската филхармонија го одбележа својот голем јубилеј – 80 години од основањето, со свечен концерт во престижната Златна сала на Музикферајн во Виена, еден од најпознатите музички центри во светот, каде традиционално се одржува и прочуениот новогодишен концерт на Виенската филхармонија.
Како солисти настапија Ана и Игор Дурловски, кои со својата извонредна интерпретација предизвикаа воодушевување кај публиката во преполната сала....
Најмалку 20 загинати на Хаити во поплави предизвикани од ураганот Мелиса
Најмалку 20 лица, меѓу кои и 10 деца, загинаа, а уште 10 се водат како исчезнати во силните поплави што го погодија јужниот дел на Хаити, предизвикани од ураганот Мелиса - соопштија локалните власти.
Службата за цивилна заштита на Хаити информира дека трае потрагата по исчезнатите жители, откако река се излеала од коритото и однела неколку куќи.
Мелиса е најсилниот ураган...
ЕЦДЦ предупредува на повторно ширење на мајмунски сипаници во Европа
Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) повикува на зголемена будност откако првите случаи на локално пренесување на мајмунски сипаници биле пријавени во Европската Унија и Европската економска зона (ЕУ/ЕЕА). Овој развој на настаните бара насочени превентивни мерки за да се спречи понатамошно ширење.
Локално стекнати случаи досега се потврдени во четири земји. Шпанија го пријави својот прв...
Најмалку 132 мртви во најсмртоносната полициска операција во историјата на Бразил
Бројот на жртви во Рио де Жанеиро се искачи на најмалку 132, соопштија официјални лица, по најсмртоносната полициска операција во бразилската историја. Жителите изнесле десетици тела на улиците преку ноќ, само една недела пред градот да биде домаќин на големи глобални климатски настани - објави „Ројтерс“, а пренесе хрватски „Индекс“.
Бројот, објавен од канцеларијата на јавниот правобранител на Рио, е...
Забрзана изградба на гасниот интерконектор Македонија–Србија, се редефинира енергетската карта на регионот
Изградбата на гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија, проект од стратешко значење за енергетската безбедност и диверзификација на снабдувањето со гас во регионот, беше во фокусот на денешната средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со Јована Јоксимовиќ, помошничка министерка за рударство и енергетика на Србија, задолжена за меѓународна соработка и европска интеграција, што се...
Реконструиран спортскиот комплекс во близина на Спомен Костурницата во Куманово
Министерството за спорт го реконструираше спортскиот комплекс во близина на Спомен Костурницата во Куманово, информираа денеска од Министерството. Комплексот опфаќа фудбалски терен, кошаркарско и одбојкарско игралиште со полипропиленска подлога, како и фитнес зона опремена со современи реквизити, со што Куманово добива нов простор кој овозможува услови за спорт и рекреација за сите генерации.
Од министерството велат дека продолжуваат со реализација...
Каја Трпкоски со прво место на натпреварот „Холандска наука“: Го сакам спојот на наука и уметност
Според мислењето на стручното жири исклучително креативното претставување на холандскиот научник Антони ван Левенхук, пронаоѓачот на микроскопот и „основач на микробиологијата“ на Каја ѝ го донесе првото место на натпреварот
Каја Трпкоски, ученичка во 9. одделение, од ООУ „Лазо Трповски“ го освои првото место на натпреварот „Холандска наука“ организиран од Амбасадата на Холандија и Наука за деца.
Деветтоодделенката наградата ја...
За два денари поскапува дизелот
Малопродажната цена на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се зголемува за два денари по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59 отсто во...







































