Димитриеска-Кочоска: Граѓаните да бидат спокојни – државата е финансиски стабилна
Проектирањето на буџетот за 2026 година претставуваше сериозен и комплексен предизвик, пред сè поради обврската на Владата за фискална консолидација, но со него се продолжува стратегијата за рационално и дисциплинирано користење на јавните средства, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска - Кочоска во гостувањето во „Тема на денот“ на телевизија „Сител“.
- Предизвикувачки беше да се направи Буџетот за 2026...
„Супорт Кочани“ со компресивна облека, вредна 452.537 денари, за засегнатите лица од пожарот во „Пулс“
Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ продолжува со поддршката за засегнатите лица од пожарот во Кочани и ја финализираше четвртата испорака на специјализирана компресивна облека. Новата пратка, која веќе е доставена до Општата болница во Кочани, претставува значаен чекор во обезбедувањето континуирана терапија и квалитетна рехабилитација, информираат од иницијативата.
Овој циклус на донации опфаќа 44 парчиња компресивна облека, изработени по индивидуални мерки...
Николоски: Во декември ќе избереме изведувач за автопатите Скопје-Блаце и Кичево- Букојчани
Очекувам во декември да избереме изведувач за изградба на автопатите Скопје - Блаце и Кичево - Букојчани. Доколку дозволат временските услови веднаш ќе почне да се работи, доколку не, напролет ќе се работи, вели заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, говорејќи за динамика за изградба на автопатите на Коридор 8.
- Рокот за поднесување на понуди заврши,...
За фрлање ѓубре после 22 часот казна од 50 евра
Град Скопје воведува ново правило – од 22 часот навечер до 6 часот наутро строго се забранува фрлање ѓубре.
Одлуката, изгласана од советот на Градот на предлог на градоначалникот, има за цел да го подобри собирањето на отпадот и да спречи создавање диви депонии околу контејнерите.
Секој што ќе ја прекрши забраната ќе се соочи со парична казна од 50 евра.
Од...
Еден загинат и еден повреден откако крај Суботица се урна спортски авион
Спортски авион се урна попладнето во близина на Суботица, при што загина маж, додека друг е пренесен во болница во Суботица.
Засега нема официјална потврда за состојбата на повредениот.
Авионот се урна недалеку од аеродромот Биково во близина на Суботица, а медиумите јавуваат дека станува збор за спортски авион со двајца патници.
Истрагата е во тек.
Деца од градинки на церемонија на свечено менување на државното знаме во кабинетот на претседателката
Во Кабинетот на претседателката Гордана Силјановска-Давкова денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме на којашто присуствуваа деца од градинките „Весели цветови“ и „Срничка“ од Скопје, ученици од скопските основни училишта „Кузман Шапкарев“ и „Кузман Јосифовски Питу“ и деца и претставници на Здружението за образование и истражување „Несил“.
- По завршувањето на свечениот чин, околу 230 деца во...
Неколкумина загинати откако автобус удри во постојка во Стокхолм
Неколку луѓе загинаа, а шест се повредени откако автобус удри во автобуска постојка во центарот на главниот град на Шведска, Стокхолм.
Портпаролот на Шведската спасувачка служба изјави дека во инцидентот повредени се шест луѓе, но, тој не наведе бројка на загинати лица. Тој додаде дека во автобусот немало патници во времето на несреќата.
Во тек е истрага за убиство од небрежност....
Комисиска расправа за предлог-буџетот за следната година
Дијаметрално спротивни ставови за Предлог-буџетот за 2026 изнесоа денеска пратениците од власта и опозицијата на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет. За едните, Предлог-буџетот е економска порака за стабилност, доверба и развој, како и јасен доказ за одговорното управување со јавните финансии, додека за другите - документ наметнат со сила, креиран без суштинска консултација со буџетските корисници,...
Филков: Се финализира Кривичниот законик
Министерот за правда Игор Филков во интервју за МИА соопшти дека се финализира Кривичниот законик по што ќе биде доставен во владина процедура.
- Во моментов се врши дополнително усогласување со четири нови европски директиви: Директивата за заштита на животната средина преку кривично право (EcoCrime), Директивата за семејно насилство и насилство врз жените, Директивата за поврат на средства и конфискација,...
Муцунски и Ландау разговарале за американски инвестиции во земјава
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари телефонски разговор со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау, во кој беше потврдена блиската и конструктивна соработка меѓу двете земји.
Од Министерството информираат дека Муцунски и Ландау ја истакнале стратешката природа на партнерството меѓу Македонија и САД, особено во контекст на заедничките напори за регионална стабилност, економска...








































