Украинците не изразија никаква благодарност за нашите напори, Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Украина не изразила никаква благодарност за напорите на САД. -„Лидерството“ на Украина изрази нулта благодарност за нашите напори, а Европа продолжува да купува нафта од Русија. САД продолжуваат да продаваат огромни количини оружје на НАТО, за дистрибуција во Украина (измамникот Џо даде сè, бесплатно, вклучително и „големи“ пари) - напиша Трамп на платформата...

Ердоган најави разговори со Путин за оживување на „житниот коридор“ преку Црното Море

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека утре ќе разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин за оживување на „житниот коридор“ преку Црното Море, објавува турскиот весник Хуриет. - Се обидуваме да разбереме како ќе заврши оваа ситуација, како можеме да постигнеме мир. Ќе разговарам со Путин по телефон утре - изјави Ердоган за новинарите по самитот на Г20...

За да се избегне трета светска војна, ЕУ и Украина треба да се согласат со американскиот мировен план, порача Сијарто

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска изјави дека лидерите не Европска Унија се обидуваат да го поткопаат мировниот план на САД за Украина и да ги принудат Украинците да ги продолжат воените дејствија против Русија. Според него, таквиот став на ЕУ може да доведе до трета светска војна. - Претседателот на САД, Доналд Трамп вложува напори за мир. Ние, Унгарците,...

ЕУ мора да игра централна улога во обезбедувањето мир во Украина, вели Фон дер Лајен

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ мора да игра „централна улога“ во обезбедувањето мир во Украина и дека ова е еден од главните елементи за „праведен и траен мир и суверенитет на Украина“. Делегација од Украина, европски безбедносни претставници и американска делегација предводена од државниот секретар Марко Рубио денеска се среќаваат во Женева...

Владата категорично ги отфрла тврдењата на опозицијата за наводна нетранспарентност околу ИПАРД, вели Митева

Владата категорично ги отфрла тврдењата на опозицијата за наводна нетранспарентност околу скандалот со ИПАРД програмата. - Апсолутно го отфрлам ова тврдење дека се крие нешто во однос на таа постапка. Знаете дека сме максимално транспарентни - изјави на денешната прес-конференција портпаролката Марија Митева, одговарајќи на новинарски прашања. Таа дополни дека очекува Министерството за земјоделство и сите надлежни институции, вклучително и судските...

Нашата цел е да изградиме двоколесечна електрифицирана пруга до 200 километри на час, вели Ивановски

Планот е да има две пруги на релација Север-Југ. Сегашната пруга ќе се користи и ќе се исправат кривини на места каде е возможно за да се забрза сообраќајот, а втората ќе се гради колку што е можно поблизу до сегашната за што веќе се работи на испитување, вели директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски во неделното интервју...

Владата додели над 33.000 ваучери, 11.500 студенти веќе подигнале нови електронски уреди

Владата информира дека заклучно со вчерашниот ден се доделени вкупно 33.682 ваучери за студенти, секој во вредност од 15.300 денари. Од нив, веќе 11.500 студенти успешно го реализирале ваучерот и подигнале нов електронски уред. - Овие бројки јасно покажуваат дека интересот е огромен, имплементацијата стабилна, а мерката создава вистински резултати - изјави портпаролката на Владата, Марија Митева на денешната прес-конференција. Митева...

Македонското друштво „Илинден“- Тирана, ќе биде домаќин на семинар на работната група на словенските малцинства во Европа

Македонското друштво „Илинден“- Тирана, догодина ќе биде домаќин на семинарот на работната група на словенските малцинства во Европа при Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Ова едогласно беше одлучено на 28. семинар на работната група на словенските малцинства што се одржува во Горица, Италија, во чија работа учествува и Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото. - Ова е многу значаен, би го...

Фаворитите сигурни во шестиот одбојкарски викенд сезонава

Без изненадувања минаа натпреварите од шестото коло во Првата лига мажи. Фаворитите беа сигурни во соочувањата со своите ривали и рутински стигнаа до трите бода. Лидерот на табелата Штип УГД има „шест од шест“ победи и максимални 18 бода по триумфот над Лирија од 3:0 на гостински терен. Шампионот Струмица 47&72 и Работнички 71&22 го следат штипскиот состав на второто, односно...

Рекордно зголемување на водостоите на Треска и Сатеска

Водостоите на речните текови во земјава денеска се значително повисоки од просекот за месец ноември, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Единствено кај реката Брегалница во Берово е измерен водостој понизок од просекот – 12 сантиметри, наспроти вообичаените 22. Кај останатите реки се бележат зголемувања. Вардар кај Јегуновце и кај Велес има двојно повисоки вредности од просекот, додека...