Украина е благодарна за напорите на Трамп и САД, рече Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговата земја им се заблагодарува на Соединетите Американски Држави и на нивниот претседател Доналд Трамп за нивните напори да го поддржат Киев. - Украина е благодарна на Соединетите Американски Држави, на секое американско срце, а особено на претседателот Трамп за помошта што, почнувајќи со ракетите „Џавелин“, спасува украински животи - напиша Зеленски на...

Силјановска Давкова го одликуваше д-р Сашко Кедев со Орден „8 Септември“

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова го одликува кардиологот и алпинист Сашко Кедев со Орден „8 Септември“, за особените заслуги во медицината, не само дома, туку и во европски и светски рамки, како и за историскиот подвиг во алпинизмот како прв Македонец којшто ги искачил 14-те светски планински врвови над 8 000 метри надморска височина. Силјановска-Давкова, на доделувањето на орденот вечерва во Македонската...

По разговорите со Украина воведуваме некои измени во мировниот план, вели Рубио

Во Женева завршија преговорите меѓу високо рангирана американска делегација и претставници на Украина, Германија, Франција и Велика Британија за мировниот план за Украина предложен од американскиот претседател Доналд Трамп. Американскиот државен секретар Марко Рубио вели дека денешните состаноци биле „најпродуктивните и најзначајните“ во мировниот процес досега. По овие разговори, Рубио изјави дека американскиот тим работи на „одредени измени“ во мировниот план,...

Јапонија ја премина црвената линија, вели Кина

Јапонија ја премина црвената линија со коментарите на нејзиниот нов лидер кои сугерираат потенцијална воена интервенција над Тајван, изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји. Коментарите на јапонската премиерка Санае Такаичи претходно овој месец дека поморската блокада на Кина или други дејствија против Тајван би можеле да бидат основа за јапонски воен одговор беа „шокантни“, рече Ванг во...

Европа има контра-предлог на планот на Трамп за Украина

Европските земји презентираа ревидирана верзија на американскиот план за Украина со која се зголемува предложената големина на вооружените сили на земјата и разни територијални отстапки, според документ што денеска го виде Ројтерс, пренесуваат агенциите. Контра-предлогот е изготвен од таканаречените европски сили Е3 - Велика Британија, Франција и Германија - изјави извор запознаен со документот. Документот се темели на американскиот предлог,...

Мировниот план на САД може да вклучува елементи од клучно значење за украинските национални интереси, вели Зеленски

Предлогот на САД за запирање на војната во Украина може да вклучува делови што се засноваат на украинските перспективи и се од клучно значење за украинските национални интереси, изјави денеска претседателот на земјата, Володимир Зеленски. - Веќе имаме кратка информација од членовите на делегацијата за резултатите од првиот состанок и првите преговори - напиша Зеленски на „Х“ за разговорите со...

Мерц скептичен за рокот за мировниот договор на Трамп поврзан за Украина и Русија

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека не е убеден оти решение прифатливо за Украина ќе се најде до рокот што го постави американскиот претседател Доналд Трамп врз основа на предлогот за мировен план на САД, објавува британскиот весник „Гардијан“. Тој оцени дека договорот е сè уште „многу далеку“. - Денеска е недела. Планот на претседателот Трамп е да се постигне...

Украинците не изразија никаква благодарност за нашите напори, Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Украина не изразила никаква благодарност за напорите на САД. -„Лидерството“ на Украина изрази нулта благодарност за нашите напори, а Европа продолжува да купува нафта од Русија. САД продолжуваат да продаваат огромни количини оружје на НАТО, за дистрибуција во Украина (измамникот Џо даде сè, бесплатно, вклучително и „големи“ пари) - напиша Трамп на платформата...

Ердоган најави разговори со Путин за оживување на „житниот коридор“ преку Црното Море

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека утре ќе разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин за оживување на „житниот коридор“ преку Црното Море, објавува турскиот весник Хуриет. - Се обидуваме да разбереме како ќе заврши оваа ситуација, како можеме да постигнеме мир. Ќе разговарам со Путин по телефон утре - изјави Ердоган за новинарите по самитот на Г20...

За да се избегне трета светска војна, ЕУ и Украина треба да се согласат со американскиот мировен план, порача Сијарто

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска изјави дека лидерите не Европска Унија се обидуваат да го поткопаат мировниот план на САД за Украина и да ги принудат Украинците да ги продолжат воените дејствија против Русија. Според него, таквиот став на ЕУ може да доведе до трета светска војна. - Претседателот на САД, Доналд Трамп вложува напори за мир. Ние, Унгарците,...