Рекордно зголемување на водостоите на Треска и Сатеска

Водостоите на речните текови во земјава денеска се значително повисоки од просекот за месец ноември, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Единствено кај реката Брегалница во Берово е измерен водостој понизок од просекот – 12 сантиметри, наспроти вообичаените 22. Кај останатите реки се бележат зголемувања. Вардар кај Јегуновце и кај Велес има двојно повисоки вредности од просекот, додека...

Во Женева почнуваат преговорите за мировниот план на САД за Русија и Украина

Високи претставници на САД и на Украина, како и советниците за национална безбедност на Франција, Велика Британија и Германија денеска во Женева, Швајцарија ќе разговараат за мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина. Новоименуваниот специјален пратеник за промоција на мировниот план за завршување на војната во Украина, Даниел П. Дрискол веќе пристигна во Женева, а се очекува да...

Силување во Дојран, предложен притвор за осомничениот

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, бидејќи постои основано сомнение дека тој на 19 ноември, со употреба на сила и спротивно на јасно изразената волја на една оштетена ја принудил на...

Шампионот е во криза, Младост УГД му го зададе третиот пораз во низа

Женскиот одбојкарски шампион Јанта Волеј Кисела Вода е во криза откако во 7. коло од Првата лига жени го претрпе третиот пораз во низа и тоа со максимални 3:0 на гостувањето кај Младост УГД. Бранителот на титулата настапи само со девет одбојкарки на овој меч и немаше сила да се спротивстави на одлично расположениот ривал. За Младост УГД ова се...

Владата на Ковачевски ги намалила платите на судиите и обвинителите

Со намалувањето на коефициентите за пресметување на платите на јавните обвинители и членовите на Советот на јавните обвинители, Судот цени дека не се загрозува уставно загарантираната независност и самостојност на јавното обвинителство. Јавните обвинители земаат плата којашто одговара на нивниот статус, улога и дигнитет и нивната материјална состојба и сигурност не се загрозени како што се тврди во иницијативите...

Одрон го затвори патот Крива Паланка – Деве Баир

Од 05:05 часот, сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка - Деве Баир е во прекин поради одрон. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате...

АХВ спречи увоз на над 20 тони небезбеден помфрит

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 20.500 килограми замрзнат компир – помфрит, со поминат рок на употреба, 23.05.2025 година. Компирот, увоз од Холандија, бил наменет за продажба на македонскиот пазар. - Забранетите количини замрзнат компир, во присуство на инсепктори за храна од Агенцијата, нештетно се уништени во петокот на депонијата Дрисла, врз основа на...

Мировниот план за Украина не е конечен, вели Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека неговиот мировен план за Украина не е конечен. Неговата изјава уследи откако европските сојузници посочија  дека мировниот план на Трамп може да биде основа за преговори, но оти е потребно да се доработи. - Би сакале да склучиме мир, тоа требаше да се случи одамна. Војната во Украина со...

ИЈЗ со препораки за населението во поплавените подрачја

Институтот за јавно здравје вечерва излезе со препораки за населението во поплавените подрачја во земјава. Најпрво препорачуваат да се обезбеди безбедна вода за пиење и да се следат информации од локалните служби за тоа дали водата е безбедна. -До добивање официјална информација за исправноста на водоснабдувањето, користете флаширана вода или вода што е превриена најмалку 10 минути. На населението од поплавените...

Г20 повикува на праведен, сеопфатен и траен мир во Судан, ДР Конго, Украина и палестинските територии

G 20
Лидерите на земјите-членки на Г20 ја прекршија традицијата усвојувајќи декларација на почетокот на Самитот во Јужна Африка. Декларациите вообичаено се усвојуваат на крајот на самитите. Декларацијата е усвоена и покрај спротивставувањето на САД, кои го бојкотираат Самитот во Јужна Африка поради несогласувањата помеѓу Вашингтон и Јоханесбург. Декларацијата на Г20 повикува на „праведен и траен“ мир во Украина, Судан, Демократска Република Конго...