Фашист,терорист, наредбодавец за масовни убиства
– Висока бугарска делегација предводена од премиерот Кирил Петков вчера ја посети Битола, а како причина за посетата беше отворањето на центарот за култура „Иван Михајлов“. Бугарскиот премиер беше придружуван од бугарската потпретседателка Илијана Јотова, како и од шефицата на бугарската дипломатија, Теодора Генчовска. Бугарските гости беа пречекани со силно полициско обезбедување, а целиот настан ја возбуди и сѐ уште ја бранува македонската јавност.
Кој е Иван Михајлов?
Иван (Ванчо) Михајлов во историската меморија на македонскиот народ останува запаметен како организатор и наредбодавец за голем број убиства на истакнати македонски интелектуалци и дејци, во пресрет на Втората светска војна. Во европската и во светската историја останува запаметен како соработник на нацистичка Германија.
Иван Михајлов во македонското движење се оформува како крупна фигура по организирањето серија убиства на истакнати Македонци.
Во септември 1924 година, Михајлов и неговите соработници ги организираат и спроведуваат горноџумајските атентати и убиства. Ликвидациите започнуваат во Горна Џумаја (Благоевград), а се прошируваат низ Бугарија и Европа. Меѓу првите што се убиени по наредба на Михајлов се Димо Хаџи Димов и Арсениј Јовков – еден од
раководителите на Илинденската организација и уредник на весникот „Илинден“.
Прочитајте повеќе во утрешниот број на „Нова Македонија“.
(ОБНОВЕНО) –ЛИНК до објавената содржина
Утре, во печатеното издание и:
Анализа на Тодор Чепреганов, историчар
Дали денес Бугарија има расчистено со нацифашизмот?
(ОБНОВЕНО)- ЛИНК до објавената содржина