Светски познатиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, ја поздрави Македонија во видео обраќање на својот профил на Инстаграм.

Во еден дел од видеото Ѓоковиќ, синоќа, ја запеа „Македонско девојче“ и побара од фановите да му испратат фотографии од Охрид.

– Како би сакал да сум покрај Охридско езеро. Испратете некоја фотографија – рече Ѓоковиќ од Лондон.

Тој синоќа во изјава за „Макфакс“ најави дека би сакал наскоро да ја посети Македонија.

– Ако ги намалам турнирите и ако се ослободи некој простор, би сакал да дојдам на Охридското Езеро, би сакал да го посетам Скопје, каде никогаш не сум бил. Би сакал да го обиколам целиот регион – изјави Ѓоковиќ.