Слаб Сити е населено место во пустината Сонора во јужна Калифорнија кое не ги следи вообичаените општествени норми, привлекувајќи ги номадите, уметниците, љубителите на екстремните спортови, како и луѓето кои преку зима бараат потопли краишта за престој.
Жителите на Слаб Сити не плаќаат сметки, не се приклучени на електричната и на водоводната мрежа и живеат одвоено од цивилизацијата во импровизирани живеалишта. Тие добиваат електрична енергија преку генератори или соларни панели.
Местото го добило името по бетонските столбови (слабови) кои останале покрај напуштените бараки во кои биле сместени маринците за време на Втората светска војна.
Слаб Сити има 150 постојани жители, покрај луѓето кои престојуваат во текот на зимските месеци. Дел од населението се доселило поради економски причини, додека други бараат мир во самотијата што ја нуди изолираното место.