Лана е родена пред осум месеци во болницата „Ре-Медика“ и буквално десет минути по раѓањето стана постојана инспирација и модел на нејзиниот дедо Горан Анастасовски. Тој не мора да се грижи што ќе фотографира бидејќи моделот го има дома и во секое време, со секоја насмевка на Лана го зема фотоапаратот и ја фотографира.

– Нема поубаво чувство кога си го фотографираш внучето, а за среќа изгледа од премногу фотографирање и таа се радува кога ќе го види фотоапаратот и знае дека ќе биде фотографирана – вели Горан Анастасовски.

Досега за овие осум месеци, Анастасовски има направено повеќе од 7 000 фотографии на Лана. Погледнета ја малата Лана низ објективот на Горан Анастасовски. Секоја фотографија поврзува со некоја приказна. Направивме избор на некои од најдобрите фотографии.