Околу 100 илјади Грци излегоа на протестот во Атина, во пресрет на гласањето за ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот парламент. Повеќе лица беа повредени во судирите помеѓу демонстрантите и полицијата, која употреби и солзавец и шок-бомби.