Моменталната дебата во САД за изградба на ѕид на границата со Мексико можеби е оригинално американска идеја, но проблемите и контроверзните решенија од овој или сличен тип, се глобални. Зголемениот број на иселеници и мигранти, терористичка активност, криумчарење на дрога и слично, како во минатото така и денес, создавале услови во кои лидерите на земјите на глобално ниво граделе различни бариери и ѕидови за да ја заштитат својата држава. Галеријата на магазинот „Атлантик“ покажува најразлични видови на гранични бариери изградени од сите страни на земјената топка, кои се изградени со цел да се заштитат границите.