1 на 18
Капитенот и селектор Кирил Лазаров попладнево во СЦ „Борис Трајковски“ одржа тренинг со македонските ракометни репрезентативци.
Македонија се подготвува за двомечот со актуелниот светски првак Данска во квалификациите за Европското првенство во 2022 година.
Првиот меч е закажан за в четврток од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, а реваншот е в недела (16 ч.) во Алборг.