Враќање во суровата реалност

Можеме ли на почетокот на оваа година да бидеме еднакво оптимисти, како што сме биле и во сите претходни, кога еднакво сме искажувале надеж за подобра заедничка иднина? Ако гледаме по почетокот на годината, неодминливо е чувството дека надежта сѐ повеќе спласнува. Вчерашните долги колони на автомобили за влез во Македонија и денешното враќање на нашите работни места значат и крај на годинашната новогодишна и божиќна бајка. Тоа е и враќање во нашата реалност со која се соочувавме минатата година. Политичките поделби, партиските и личните интереси повторно ќе дојдат во прв план, а пораките за мир, меѓусебно разбирање и единство меѓу луѓето ќе траат колку искрите од новогодишниот огномет!

Од денеска, со завршувањето на продолжениот викенд, и официјално почнува новата работна година за македонските граѓани, кои го прославија и Божиќ, денот на Христовото раѓање. Во изминатите деновите на еден од двата најголеми христијански празника беа испратени голем број пораки за мир во земјата и добра волја меѓу луѓето. Највисоките државни функционери и црковни великодостоинственици повикаа на сплотеност и единство во годината во која сме исправени пред нови предизвици. Во празнувањето на Божиќ има многу симболика. Тоа се денови кога се раѓа искрата за создавање на добрите дела и нова надеж кај луѓето дека работите во земјата конечно ќе се одвиваат во насока на создавање добро организирана држава, во која ќе се почувствува просперитетот за сите граѓани. Но можеме ли на почетокот на оваа година да бидеме еднакво оптимисти, како што сме биле и во сите претходни, кога еднакво сме искажувале надеж за подобра заедничка иднина! Ако гледаме по почетокот на годината, неодминливо е чувството дека надежта сѐ повеќе се ситни.
Вчерашните долги колони на автомобили за влез во Македонија и денешното враќање на нашите работни места значат и крај на годинашната новогодишна и божиќна бајка. Тоа е и враќање во нашата реалност со која се соочувавме минатата година. Политичките поделби, партиските и личните интереси повторно ќе дојдат во прв план, а пораките за мир, меѓусебно разбирање и единство меѓу луѓето ќе траат колку искрите од новогодишниот огномет!

И наместо целата енергија да ја посветиме на справувањето со секојдневните животни предизвици на македонските граѓани, вниманието на партиските елити ќе биде насочено во јаловите партиски дебати околу создавање на техничката влада, во која главните прашања ќе бидат кој ќе биде „технички“ министер или дали опозицијата ќе го гласа преодниот состав на техничката влада на Талат Џафери! Тоа ќе бидат нови 100 дена залудно потрошено време во кои ќе слушаме за многу меѓусебни обвинувања за наводни пропусти и криминални дејства на претставниците од власта и од опозицијата.
Во овие празнични денови слушавме за тоа дека тоа е време на чуда! Реално гледано, претходниот период кај нас се случуваа(т) чуда, кои ги има само во нашата мила Македонија. Случајот со М-НАВ беше само врвот од тоа што излезе на виделина од затскриената борба меѓу политичките партии и кланови во поделбата на работните места во државната администрација. Ќе биде потребно вложување „натприродни“ сили за да се искорени дрскоста со која настапуваат поединечни групи во политичките партии, кои се борат за контрола на државните ресурси. Меѓу чудата со кои ќе се соочуваме годинава се и настаните во Судскиот совет, кој новата година ја започна со враќање на поранешната претседателка, кое овој пат беше иницирано од пресудата на Управниот суд, во која стои дека Советот не дал доволно образложени причини за одлуката за разрешување. Вистинско чудо секако ќе биде ако годинава по десетгодишна изградба конечно ќе можеме да се возиме по новиот автопат од Охрид до Кичево. Автопатската делница на коридорот 8 што беше најавувана како мегапроект насочен кон зајакнување на туристичката понуда на Охридско-струшкиот Регион почна да се гради во февруари 2014 година.

Наместо декларативни изјави и желби што се искажуваат по повод државните празници се очекуваат и вистински потези од луѓето што се во можност да одлучуваат за создавање подобра иднина за граѓаните. Единството за кое тие говорат треба да се однесува пред сѐ на спроведувањето на економските реформи, без кои не ќе може да се постигне и вистински економски раст

Сите досегашни рокови се пробиени, а завршувањето на проектот е временски неопределен. Се надеваме дека оваа изборна година ќе завршат и неколкуте градежни зафати на главните сообраќајници во Скопје, кои со месеци предизвикуваат нервози кај скопските возачи. Зошто да не ни се случи и ново чудо со објавување нов тендер за „Чебрен“!
Наместо декларативни изјави и желби што се искажуваат по повод државните празници се очекуваат и вистински потези од луѓето што се во можност да одлучуваат за создавање подобра иднина за граѓаните. Единството за кое тие говорат треба да се однесува пред сѐ на спроведувањето на економските реформи, без кои не ќе може да се постигне и вистински економски раст. Исто така, неопходно е застанувањето зад единствена платформа за спречувањето на корупцијата во земјата, која е длабоко вкоренета во сите пори на македонското општество и пред сѐ во судскиот систем. Продолжувањето на сегашната практика на неказнивост на корумпираните лица ќе ја закопа Македонија во сегашната состојба од која нема враќање. Годинава македонската држава е исправена и пред искушенијата во надворешна политика, за што за правилен избор е неопходно градење единствен став на сите главни актери на политичката сцена. Затоа и претстојните парламентарни и претседателски избори не треба да ги користиме и за фронт за нови поделби туку за постигнување општ консензус околу изборот на насоката во која сакаме да се движи нашата држава.