ЏИХАДИСТИЧКИ ПАЈАК ВО ЕВРОПСКА МРЕЖА (ВТОР ДЕЛ)
- Илон Маск е нов Алберт Шпер. Бабановски и Бабагинин зборуваат за петта колона, а ние имаме седма. Што е тоа? – Шестата колона е петта колона во Владата (на пр. протоколите), а вљубените во џихадот се седмата. Многу се. Многу-многу-многу! Следната „колона“ се вашите внуци како прави џихадисти, ако не ги спречите. Агенциите се инструктурирани во медиумите и вие примате масивни псевдоинформации. Медиумите лансираат свој морал, свои „човечки права“, свој глобализам. Ве перат тотално!
Прашавме – што е империја, а што империјализам? Џон Хобсон вели дека е финансиска агресија со домашна супконсумација. Владимир Ленин велел дека империјализмот е „краен дел на капитализмот и ќе заврши со војна“. Макијавели велел дека експанзијата е неизбежност. Тоа што ти го правеле ќе го правиш – неизбежно! Што ги убива империите? – Хиперекспанзија, финансии, лидер… Авторите на книгата – Иван Бабановски и Мартин Бабагинин – сметаат дека империјализмот се разузнавачките служби. Тие се извршители на заднински формации, кои некои ги викаат „длабока држава“ или „комитет 300“ (Џон Колман), а по моето сознание се викаат „одлучувачи“. Агенциите имаат „тактички“ одлуки, а одлучувачите „стратешки“. Џихадот од „тактичка“ прејде во „стратешка одлука“. Комплексните џихад-служби се распрснати по светот во империја. Во мода е и зборот „прокси“, од зборот проксимус (најблизок) – империјализам преку прокси-држави. Дали е Израел „прокси“ држава? Авторите малку го споменуваат, но во разузнавачката игра тој е есенцијална машина. А Македонија? – Уффффф!
Мојот пријател, познатиот коментатор Христо Ивановски, нафрлува две многу интересни тези. Првата е паралелизмот меѓу империите на Александар Македонски (блиц-империја) и Рим (милениумска). Зошто го снема наследникот на Александар? (Ансон Едвард). Втората теза е формулата „1+1=1“ или две империи (тој ги наведува Америка и Кина) да направат сојуз. Да не ја заборавиме и Русија 1+1+1=1 – ќе ви затреба кога температурата ќе биде над 50 степени – бел човек не останува во екваторот (Мартина Аркади). Најљубезно би го замолил Христо да напише книга за сето тоа. Ме потсеќа и на идејата на генијалната античка математичарка Хипатија Александриска, која велела дека сѐ е = 1 (Бог). Секое множество помножено со нула (или бесконечност) е нула одн. бесконечност, одн. Бог. Историски гледано империите се шират често „хоризонтално“ (исток-запад или запад-исток), а миграциите се шират „вертикално“, па хоризонтално. Империите се шират од силни кон слаби, а миграциите од слаби кон силни. Христијанството (третата империја) се шири вертикално, па хоризонтално (легнат крст). Исламот историски прво е креиран од Евреи (Назарени – исто како христијаните), плус христијански наративи, примарно да се среди тогашниот племенски хаос на локациите Мека и Медина, па да се шири „хоризонтално“ во огромна империја сѐ до Кина. Веднаш се создал конфликт (со пророкот Али). Така се створиле две „крвно непријателски“ групи сунити и шиити. Друга теорија вели дека исламот е прогенитор на капитализмот – за ширење на трговијата, Свилениот пат, Зачинскиот пат, поморски пат, патописи (дури и до крајот на Русија), наука и замена на сребро за злато (Дирхам за Денар). Тука се нашол и големиот Шарлемањ (Карло Велики), кој ги споил Евреите, муслиманите и христијаните, во Франција ги вовлекол фамилијата Калонимус, а во Венеција првите банки. Секој исламист треба да го брани Алах со „џихад“ – „со ум“ или „со нож“. Бабановски и Бабагинин велат службите ја искористија втората варијанта. Пример е фамозниот Збигњев Бжежински, советник за национална безбедност кај претседателот Картер, но уште поважно – агент на Рокфелерови, коиницијатори на Трилатералната комисија и Билдерберг.
Тој ги формираше муџахедините и талибаните во Авганистан за рушење на СССР и таа војна ја нарече „џихад“. Истите тие подоцна се свртија против САД, а потоа во Босна, Косово, Македонија, Санџак и целиот Балкан (детализирано во книгата, плус слики). Џихадизмот си остана закана и фитил за Русија, па дури и Кина. Кој е „Корасан“ што во Елцинизмот беше закана за распад на СССР? „Корасан“ е област на север во Иран, од која Џингис-кан извршил инвазија, што службите мора да го познаваат. Религиите се „темпирана бомба“ за идни конфликти. Дали знаете дека од кај нас („неврзани“) потекнува целата „џихадистичка“ империја денес – Хаџ Ел Хусеини, Халид Шеик Махамед (9/11) и Касем Сулејмани (врска Босна-Иран)? Неверојатно? Накратко, во Босна беше формирана „Ханџар дивизија“ – брдска Ес-ес-дивизија – од Хитлер и Химлер, со Хаџ Ел Хусеини на чело – усташка колачка формација (член е и Алија Изетбеговиќ). Од неа се формираа Бали комбетар – балисти од Фрачери и Ерменџи, кој ја преживеа војната и е форматор на УЧК. Ел Хусеини беше уапсен од партизаните, ама „избегал“, односно е ослободен од Тито заради „неврзаните“. Станал ерусалимски муфтија (британските служби), жесток антисемит, антиизраелец и иницијатор на „Муслиманските браќа“ со Ал Бана, од кои се формирани сите џихадистички формации денес. Инаку „неврзаните“ се расадник на џихадизмот и тероризмот. Македонија е прва европска земја за репатријација на ИСИС (Рајан Брауни). Ги љубите – нели? Парите се најважна компонента на играта. Главен извор е нафтата, односно примарно Иран, кој нашите и балканските коментатори го сакаат и го сакаат „до коска“. Ние ги бацуваме, а други ги земаат парите. Така империите се „макроа“, а ситните риби како нас се баци-проститутки. Потоа се парите од фундаменталистички земји – Саудиска Арабија, Катар, Кувајт, но и други, а ги користат службите (Матју Левит, Милард Бур, за ЦИА – Стив Кол, Боб. Една од Вудњард, Омар Назири, Абдулах Азам). Причините за „сакање до коска“ на Хамас, Хезболах и Иран е антисемитизмот. Потоа се антиизраелизам, антиционизам и антиамериканизам. Наместо „Евреи“ велат „Ционисти“, а поим немаат што значи, но овде не можам да објаснувам. Антиамериканизмот е поради „ветено-неостварено“. Се родивме со доверба кон Западот, а од САД директно ни зависи постоењето (сами не нѐ бива, евидентно 30 години). Очекувањата беа системски, бидејќи мислевме дека капитализмот (либерален, „пазарен“) ќе биде „рај“ и видовме што е. Второ – поддршката на УЧК, која можеше да биде фатална за Македонија.
Трето е бомбардирањето на Србија, кое УЧК го бараше и за Македонија, но „за влакно“ го избегна со интервенција на Ели Визел, кој за Србија не го стори тоа. Четврто е „приватизацијата“, која нѐ соблече до коска. И петто – неподдржување или псевдоподдржување на Македонија за конфликтите со Бугарија и Грција и нејасен став по прашањето за голема Албанија. УЧК и царот император Али Ахмети се на црната листа на Стејт департментот поради дрого-армо-мафио-тероризам, но практично нема ништо од тоа. Ни Меѓународниот суд во Хаг не смее ни да им писне. Така страдаат 80 илјади млади луѓе од наркоманија кај нас (податок од пред 20 години) и стотици илјади на Балканот. Македонија е „артерија“ за кокаинот и хероинот (како вели проф. Гајдов – количина од еден воз од Скопје до Ниш полн со хероин). Доаѓа од „златниот триаголник“ преку Иран-Турција-Бугарија-Албанија во Европа и Америка (в. романот „Гомора“), а другата линија е преку Сејшел–Африка–Емирати (наши босови цветаат таму) – Европа. Во следните избори на ЕУ земји огромно влијание ќе имаат џихадистите. Земјите на Скандинавија и Брисел буквално се „туширани“ од џихадисти. Европа е дувло на фашисти и џихадисти. Европа е негропроститутка на „Шекспир“ – џихадистите се Ромео, а Европа е Јулија. Зошто Европа се наоружува? Ќе прави летала и пукала – без мажи? Разузнавачот Лео Крамер велеше „никогаш нема да биде подобро од времето на договор (Рабин-Арафат)“. Камо среќа во Абрахамскиот договор да се приклучи и Иран, па и Русија. Замислете сојуз на 1+1+1=1, значи од Абрахамскиот-БРИКС-Атлантскиот сојуз… ајде бе, Самуеле, разбуди се!
Рековме нешто ќе кажеме и за Израел. Израел е јајце со две жолчки – Ерусалим и Мосад. Ерусалим е душа Господова, телескоп кон небесната свесност. Евреинот вели „ако некогаш те заборавам Ерусалиме, десната рака да ми омалее, телото да ми се исуши, очите да ми изгорат…“. Ех Господе – од смрт не се плашам, но да те изгубам не дозволувај Господе! Географски Израел е мало археолошко државиче на истокот Медитерански. По површина е колку Македонија, со јужна половина што е пустина, а третина од северот стана безживотна поради ракетирања од Хезболах. А Мосад е империја! Разузнавачки гигант – вертикално (Турција, Европа) и хоризонтално – Евроазија-Америка. Всушност се работи за комплекс од агенции наречен ИЦИ (Intelligence Community of Israel – ICI), кој иницијално се занимаваше со доселување на Евреи (организациите Хагана и Иргун, кои дури правеа комбинации со нацистичка Германија како „откуп“ на Евреи од смрт – читај ги книгите на Блек), а потоа со ликвидации на избегани нацисти. Мосад значи „институт“, па во минатото предлагав да имаме „институт за мир и холокауст“ без разузнавачки активности – но не беше прифатено. Мосад и ИЦИ еволуираа во нешто друго во ерата на космос, АГИ, воена и цивилна економија, во конволуција со агенциите на САД, англиските, а велат и источни служби. Да не ја заборавиме и Африка, каде што се борат сите империи – за нафта, ураниум, злато, дијаманти, ретки метали итн. Ја девастираа со ХИВ, а сега си играат со еболата, која стана инженеринг.
Наесен ќе има и вакцина, па ќе видиме. Ако се обидат да го уништат Израел, само ќе направат „гнездо“ на ултрафанатици. И иранските агенции се влезени во мрежата на овие игри. До виртуозност се развиваат „блек-ботови“, математичка дезинформација, когнитивна војна, Молтбук, Глок-Макрохард и автономни (АГИ) системи, па вие не знаете дали со вас управуваат џихадисти, секуларисти, машини, пари-роботи, псевдорелигии, воени машини, псевдополициски-симулатори, па дури и интимни фамилијарни манипулатори. Вие сте „домашни животинки“ на агенциите. Тие се влезени во основните школи. Новите ОпенАИ-патенти – мултипни сензори, комуникации со сѐ, интуитивни и АИ, Глок плус квантум лаптопи, квантум ЛИДАР, или Палантир „Еџ-АИ“, потоа „ОпенБреин – Агент 1 и Агент 2“ ќе ви го испијат мозокот (Минг Чи Куо аналист). Илон Маск е нов Алберт Шпер. Потоа Бабановски-Бабагинин зборуваат за петта колона, а ние имаме седма. Што е тоа? – Шестата колона е петта колона во Владата (на пр. протоколите), а вљубените во џихадот се седмата. Многу се. Многу-многу-многу! Следната „колона“ се вашите внуци како прави џихадисти, ако не ги спречите. Агенциите се инструктурирани во медиумите и вие примате масивни псевдоинформации. Медиумите лансираат свој морал, свои „човечки права“, свој глобализам. Ве перат тотално! Изборите се медиумска пералница, „помазани“ од џихадизмот. Најџихадисани се интелектуалците! Мислите дека сте многу умни и информирани, а сте опрани. Ги сожалувате „сиротите“ Хамас и Хезболах, а тие ви влегуваат во џигер. Сѐ е мафија. Партиите се измеќарници на џиха-мафиизмот. Граѓаните се измеќари на партиите. И јас сум со вас – се родив со традиција и гордост, а ќе умрам како беден измеќар на измеќари.
(продолжува со: Која е иднината на џихадизмот?)
Проф. д-р Самуел Садикарио Колономос


































