Фото: Илустрација

Земјотрес со епицентар меѓу охридските села Куратица и Опеница е регистриран утринава.

Станува збор за послаб потрес со јачина од 2,6 степени според рихтеровата скала, како што покажуваат податоците на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот бил на длабочина од пет километри.