Фото: Фејсбук / Петар Богојески

Зад нас е една исклучително тешка година. Проблемите кои ги доживеавме оваа година, не посакуваме веќе никогаш да ни се повторат. Меѓутоа новогодишната маѓија, нема да направи тие да исчезнат, и од 1 јануари 2023 година да бидеме безгрижни и без проблеми. За да ги исчистиме проблемите од минатото, и да излеземе од сите тие кризи, потребни ни се решенија, вели лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески.
-Во новата 2023 година, посакувам решенија за сите наши проблеми, и национални и државни и семејни и лични. Посакувам во таа година, да стигне Томосот од Стамбол, посакувам конечно еднаш да ги започнеме вистинските преговори со Европската Унија, и да го тргнеме бугарското прашање од дневен ред. Посакувам спокоен живот, и да започнеме да расчистуваме со сиромаштијата во земјава. Посакувам секој од нас, да имаме среќа и радост во домовите! Среќна нова 2023 година! Се гледаме во новата година, со уште посилен активизам и со посилно дејствување на планот за решавање на проблемите – порачува Богојески.