Фото: Вечер

Весникот вечер денеска обележува 61 година од своето постоење. Првиот број излезе на денешен ден во 1963 година.

„Вечер“ остана релевантен фактор во медиумскиот простор во земјава, но и во регионот.

Редакцијата на „Нова Македонија“ срдечно им го честита роденденот на колегите од „Вечер“.
Драги колеги, нека ви е честит роденденот со желба за безброј страници за вистината, фактите и јавниот интерес на граѓаните и нацијата.
Од срце посакуваме вашиот и наш медиум „Вечер“ и вашиот и наш медиум „Нова Македонија“, како весници со најголема традиција, најважни за историјата на Македонија, заеднички да го осветлуваат патот кон просперитетот и благосостојбата на граѓаните.

Од редакцијата на „Нова Македонија“