Информацијата за склучување Програма за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на Република Бугарија за периодот 2018 – 2021 година, беше усвоена од  Владата на Република Македонија на денешната 82-ра седница. 

Како што соопшти владината прес-служба, министерот за култура Асаф Адеми е овластен да ја потпише оваа Програма.

Владата денеска ја усвои и Информацијата за одбележување на годишнината на потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Секретаријатот за европски прашања е задолжен да дефинира програма и технички детали за спроведување на програмата, да ги преземе сите други активности за организација и одбележување на овој настан.