Фото: Маја Јаневска-Илиева

„Бруталното и грозоморно убиство на 14-годишната Вања е пораз за цела држава. Тоа се случи и поради нефункционирањето на системот, неспособноста на институциите и отсуството на одговорност“, се вели во реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која побара министерот Оливер Спасовски да одговори: „Кога истрагата дознала за извршителите и дали Спасовски и началниците во МВР криеле заради самитот на ОБСЕ?“.

Министерот Спасовски денеска ги отфрли обвинувањата дека случајот се криел поради Самитот на ОБСЕ во Скопје.

Веќе седум дена, а особено од синоќа, на социјалните мрежи јавноста бара одговорност од МВР за истрагата. Се изнесуваат сомнежи дека „се криело убиството и Спасовски да си поднесе оставка“, но и разни верзии како и зошто било извршено убиството. МВР и Обвинителството постојано апелираа да не се шират шпекулации и дека заради нивно ширење ќе има санкции.