Фото: Игор Бансколиев

На 12 август во Скопје ќе се одржи 33. Генерално Собрание на Светскиот македонски конгрес при што поканата за учество е отворена за сите македонски организaции во сите делови на Македонија и во целиот свет. Како што дознавем на Конгресот ќе се усвојат редица значајни документи за заштита на македонските национални интереси, но и куп Резолуции кои се однесуваат на актуелни и важни прашања за граѓаните и државата. Така

на собранието на СМК ќе се донесе Резолуција против впишување на Бугарите во Уставот на државата Македонија, Декларација за заштита на бракот и семејството наспроти родовата идеологија, Резолуција за Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Резолуција во врска со родовата идеологија, Резолуција за еднострано раскинување на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година, Резолуција за еднострано раскинување на Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година, Резолуција за уставобранителите од 27 април 2017 година, Резолуција за пописот на населението, Резолуција за Илинденското востание и Гоце Делчев, Резолуција за донесувањето на Закон за прогласување на Охрид за Светски сеправославен центар, Резолуција за Македонскиот јазик, Резолуција за македонско државјанство за Македонците и избирачкото право на македонските државјани во светот, и уште редица други. А.Д.